Следете не

Спорт

Прес пред мечот со Германија, Пандев – „Ние сме подготвени да го дадеме максимумот“

Avatar

Објавено пред

на

На официјалната прес конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев истакнаа дека посебна мотивација за мечот со големиот противник и не треба. Германија е голем фаворит, но ние во минатото покажавме дека можеме да се носиме и со репрезентации од рангот на утрешниот противник.

– Германија не е фаворит само против нас, туку е фаворит на сите Светски и Европски првенства. Ова ќе биде специјален меч за нас и ќе биде задоволство да се игра со ваков противник. Затоа не ни треба посебна мотивација и самото тоа што играме против поранешен светски шампион ни ја зголемува желбата и мотивот за надигрување. Очекувам возбудлив натпревар. Против силни противници играме добро. Верувам дека така ќе биде и на утрешниот дуел. Германците се физички силни и имаат огромен квалитет. Доколку после тренингот виде се добро со Велковски и Адеми и двајцата ќе конкурираат за место во почетникот состав, изјави Ангеловски.

Горан Пандев – капитен на македонската репрезентација

За нас е чест што ќе играме против голем противник. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот, иако ова ќе ни биде трет натпревар за седум дена. Германците знаат против кого играат, знаат со каков квалитет располагаме и сигурно одлично ја анализирале нашата игра. Но, ние сме сосема различна репрезентација од пред пет или шест години, сега сме далеку посилни, сега сме учесници на ЕП и сметам дека и противникот ќе биде претпазлив. Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме, изјави Пандев.

Спорт

Македонската футсал репрезентација вечерва со директен пренос на МРТ3 игра против Романија

Avatar

Објавено пред

на

Македонската футсал репрезентација вечерва во 18:00 часот (директен пренос на МРТ 3) против Романија во Темишвар (ги затвора квалификациите за пласман на Европското првенство.
„Ќе одиграме натпревар без притисок. Шансите за ЕП ги загубивме на последниот меч против БиХ во Скопје по несреќениот и неправеден пораз од 2:3. На овој натпревар, исто така, ќе бидеме драстично ослабени заради неиграњето на неколкумина стандардни првотимци (Даниел Де Соуза, Леовски, Глигоров, Мицевски, Зибери), како и фактот дека ќе недостасуваат во однос на дуелот со БиХ и капитенот Ранготов, првиот голман Петровски и Сулејмани“.
– „Ова е шанса за некои помлади играчи да ги покажат своите квалитети во еден натпревар без резултатско значење за нас, посебно што голем дел од нив прв пат го облекуваат репрезентативниот дрес. Мораме веќе да создаваме нова репрезентација за следниот циклус, што беше и моја примарна цел“.
„Романија ќе биде комплетна, секако дека е голем фаворит со нивниот квартет Бразилци, но зошто да не се обидеме растеретени да направиме ново изненадување и да го продолжиме континуитетот на добри игри во овие квалификации. Да не заборавиме дека до минатото коло бевме во сериозна игра за пласман на ЕП и само немањето среќа во последните 15-на секунди против БиХ не оддалечи од шансата за пласман на големо натпреварување“.
„Можам да ветам дека сите играчи кои се тука во Темишвар со нетрпение очекуваат да го дадат својот максимум и сигурен сум дека нема да ги разочараме љубителите на спортот во нашата земја“ – изјави селекторот на македонската футсал репрезентација Васко Скендеровски
Прочитај повеќе...

Спорт

Нашата репрезентација до 19 години победи против Црна Гора во првиот контролен меч, вториот е закажан за утре

Avatar

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше победа против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски “, нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 2:0. Во првите 45 минути пропуштивме неколку добри прилики за постигнување гол. Отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме. Во 54’ пенал за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков. Конечните 2:0 беа дело на Фета Бехар во 69’. Нашата селекција за овој натпревар беше ослабена со неиграњето на неколкумина стандардни репрезентативци.

МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 3. Грегори Давков, 4. Самет Реџепи, 5. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Христијан Јосифовски, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев;

ЦРНА ГОРА:1. Иван Радовиќ, 2. Милан Радовиќ, 5. Никола Вукотиќ, 6. Неманја Бозовиќ, 8. Јован Дашиќ, 9. Виктор Џукановиќ, 10. Алекса Цетковиќ, 11. Дамјан Мугоша, 13. Кристијан Ернек, 14. Милун Јоковиќ, 20. Василије Делибашиќ;

Вториот контролен натпревар на истите селекции е закажан на 15 април со почеток од 11 часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош

Avatar

Објавено пред

на

Еден од легендарните фудбалски клубови во Македонија, име кое често пати ги полнеше стадионите, своевремено прволигаш и финалист во купот од 2004 година денес се соочува со црна судбина, без спонзори, без никаква поткрепа.

Дел од луѓето кои му останаа верни на клубот преку официјалната фејсбук страна апелираат за било каква помош, во спротивно, клувот ќе згасне за секогаш.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СветПред 1 час

Британските научници истражуваа кои вакцини даваат повеќе антитела во организмот

Првото истражување на британските научници, кое директно го спореди имунолошкиот одговор на вакцините Фајзер и Астразенека, откри слично ниво на...

МакедонијаПред 4 часа

Денеска 949 нови случаи на Коронавирус, починале 33 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а...

ТехнологијаПред 5 часа

Неколку паметни трикови за Windows 10 оперативниот систем кои сигурно не сте ги знаеле

Според „Мајкрософт“, повеќе од милијарда уреди користат Windows 10. Скоро шест години по неговото објавување, сигурни сме дека сè уште...

СпортПред 6 часа

Македонската футсал репрезентација вечерва со директен пренос на МРТ3 игра против Романија

Македонската футсал репрезентација вечерва во 18:00 часот (директен пренос на МРТ 3) против Романија во Темишвар (ги затвора квалификациите за...

КичевоПред 8 часа

ЕВН КЕЦ Кичево: Најавен прекин на електрична енергија од половина час во следните кичевски села утре

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 15.04.2021 година – четврток, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што...

КичевоПред 9 часа

Во Кичево пронајдена неексплодирана граната, од ДЗС е безбедно подигната

Вчера на ден 13.04.2021 година во 12:30 часот во ОВР Кичево пријавено е дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во...

Социјални мрежиПред 16 часа

Новата политика на приватност од „WhatsApp“ може да биде нелегална?

WhatsApp се соочува со бурни реакции откако објави дека сака да ја ажурира својата политика за приватност со измени што...

СпортПред 21 час

Нашата репрезентација до 19 години победи против Црна Гора во првиот контролен меч, вториот е закажан за утре

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше победа против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу овие...

КичевоПред 21 час

Највкусното мени од „Bacardi Lounge Bar“ до вашата сакана дестинација, брзо и било каде во Кичево, порачајте веднаш!

Поради актуелнита мерка за затворање на угостителските објекти која стапи на сила од 7 април до 20 април, преку нашиот...

На денешен денПред 21 час

На денешен ден – 14 април

1629 година – Роден е христијанскиот математичар и астроном Кристијан Хајгенс. Открил прстен околу Сатурн и конструирал часовник со нишало....

НАЈЧИТАНИ