Спорт
Претставници на УЕФА во работна посета на ФФМ за Грасрут-аматерскиот фудбал, како и други работилници на теми училишен фудбал
Во период од 3-6.07.2023 претставници на Европската фудбалска асоцијација Пер Равн Омдал (долгогодишен член на управен одбор на УЕФА и нејзин поранешен потпретседател; како и УЕФА Грасрут амбасадор ) и Владимир Луптак (УЕФА Грасрут ментор на ФФМ) беа во работна посета на ФФМ. Од страна на претставниците на УЕФА беше обавена унифицирана евалуација спроведена од претставници на ФФМ а со цел да се оцени имплементацијата и вклученоста на ФФМ во Грасрут-аматерскиот фудбал. Самиот процес претставува алатка за поддршка на Грасрут- фудбалот поврзан со недвосмислената поддршката на УЕФА за ФФМ за периодот кој следи согласно со УЕФА Грасрут Чартерот.
Дел од работилницата беше SWOT анализа, а се одржаа и работилници со одделни оддели на ФФМ во врска со грасрут фудбалот и други работилници на теми училишен фудбал, флексибилни формати за игра, фудбал за разни социјални групи, футсал, тренерска едукација, регрутирање судии, развој на клубови, дигитални системи, дата база и маркетинг. При самата посета и работилница беше извршена проценка на вклученоста на одделните сектори во грасрут фудбалот со цел иден развој, а меѓу другото беа отворени можностите за креирање на долгогодишен план во согласност со стратешкиот план на ФФМ

– „Претставниците на УЕФА беа детално информирани за Грасрут активностите на ФФМ и начинот на нивна реализација каде беа назначени клучните активности и приоритети на ФФМ во рамките на Грасрут фудбалот. Беше особено корисно да се слушнат и искуствата и добрите пракси од имплементирани Грасрут проекти од страна на други Европски фудбалски асоцијации кои би биле применливи во нашето опкружување“ изјави Бојан Марковски, Грасрут координатор на ФФМ.

– „Веруваме дека овие работилници беа корисни за сите вклучени и ќе помогнат со цел натамошен развој и релизација на Грасрут програмите, затоа што тие претставуваат рефлексија каде сме моментално во Грасут фудбалот и во кои области можеме да напредуваме, а сето тоа во согласност со принципите и областите опфатени во Грасрут Чартерот на УЕФА“, додаде Филип Поповски, Генерален секретар на ФФМ.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија2 денаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Хороскоп24 часаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт1 денУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Култура2 денаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Македонија2 денаАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија2 денаЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија1 денПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
