Следете не

Спорт

Претставниците на ФФМ, Филип Поповски и Сашо Даневски дел од организацијата на „ЕУРО 2024“

Објавено пред

на

©ФФМ

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија.

Филип Поповски е одреден за делегат на сите натпревари кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија и натпреварите од елиминациската фаза, 1/8 финале, 1/4 финале и големото финале на 14. јули 2024.

Сашо Даневски, кондицискиот тренер на фудбалски судии, веќе три седмици во Франкфурт работи со делегираните судии за Европското првенство. Нашиот Даневски, исто така, беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лига на Шампиони и Лига Европа.

Ова признание и улогата која им е доделена на Филип Поповски и Сашо Даневски ја истакнува стручноста, посветеноста и професионализмот во нашата федерација. Во улога на делегати на мечевите во организација на УЕФА, претставниците на ФФМ и досега ги одржуваа највисоките стандарди на организација и ефикасност на натпреварите. Дополнително, фитнес тренерите работат со судиите за да се осигураат дека тие се во врвна физичка кондиција, што е клучно за одржување на брзиот и напорен карактер на турнирот.

Доверувањето на овие одговорности ја нагласува довербата што организацискиот одбор на ЕУРО 2024 и УЕФА  ја имаат во способностите.

„Пред се би сакал да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија за несебичната поддршка на сите оние кои ја преставуваат нашата федерација и нашта држава на големи настани како што е Европското првенство. Благодарност и до УЕФА која го препознава нашиот труд и квалитет и ни ја дава можноста да бидеме дел од ова големо натпреварување. Функцијата делегат на натпреварите на Олимпискиот стадион во Берлин е привилегија, но и многу одговорна функција која е поврзана со сите спортски аспекти на самиот стадион. Јас верувам дека ќе се покажеме во најдобро можно издание и ќе направиме простор за идни наши преставници да бидат дел од европските натпреварувања“, за јавноста преку ФФМ изјави Филип Поповски.

Спорт

Рафаел Надал заминува во спортска пензија!

Објавено пред

на

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од спортот, последните натпревари за Шпанија ќе ги одигра на крајот на ноември. Одлуката ја објави официјално на своите канали на социјалните мрежи, што не е премногу изненадување ако се знае дека долго време се мачеше со повреди, кои го спречија да игра колку што сакаше.

Посебно се „чувствуваше“ откако го освои својот 22 грен слем, за време на Ролан Гарос во 2022 година, по што повеќе не беше на своето вистинско ниво. Тој се обиде да се врати неколку пати, но дури и во Париз – каде што беше апсолутен господар – не направи разлика. Годинава тој веќе беше елиминиран во првото коло на Ролан Гарос кога на линија излезе Александар Зверев, додека последниот меч го одигра против Новак Ѓоковиќ – на истото место, на Олимписките игри. Исто така, тој немаше никакви шанси.

Надал официјално ќе се пензионира по настапот за шпанската репрезентација во Дејвис купот, од 19 до 24 ноември, каде заедно со Карлос Алкараз има објективно добри шанси да се збогува со титулата. Сакаше тоа да го направи на Ролан Гарос, па барем во двојки на Олимписките игри, па ќе видиме дали „третиот ќе има среќа“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација утре оди на победа, Милевски размислува за стартниот тим, Чурлинов и Трајковски се повредени

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација утре ги продолжува своите настапи во Лигата на нации со дуелот против Летонија во Рига. Нашиот национален тим влегува како фаворит во овој меч и тоа го потенцира селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.

БЛАГОЈА МИЛЕВСКИселектор на македонската А репрезентација: „Летонија има максимален респект од нас, но концентрацијата е на нашата игра и тоа како ќе изгледаме на терен. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата. Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив.

Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме“.

„Македонија која јас ја замислувам секогаш ќе се стреми да игра на победа. Овие момци ја добиваат и ја заслужуваат целата почит. Без разлика дали играат во своите клубови или не, го даваат својот максумум кога играат за Македонија.

Притисокот ни дава мотив да се натпреваруваме сами со себе и да видиме до каде се нашите лимити. Кога веќе некој очекува нешто големо од вас, тоа значи дека вредите. Денес ако немате правилен пристап, нема да победите и послаби противници дури и да играте максимално“.

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди го дели оптимизмот на селекторот Благоја Милевски во пресрет на утрешниот меч против Летонија во третото коло од Лигата на нации.

Барди беше дел од претходниот дуел на Македонија против Летонија во септември 2019 година во квалификациите за Европското првенство. Нашиот капитен постигна гол во победата од 2:0 во Рига.

ЕНИС БАРДИ – капитен на македонската А репрезентација: „Како и секогаш, одговорноста е кај сите нас. Јас ќе го дадам својот максимум, па дај Боже да биде како пред пет години. Помина грипот, добро се чувствувам и максимално сум подготвен за настап.  Кога играте под притисок за докажување, секогаш вадите од себе максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“, истакнаа за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Канатларовски: Молдавија ја дочекуваме со посебна желба и енергија за победа

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, официјално во Скопје ги започна подготовките за октомврискиот цуклус на квалификации за пласман на ЕП.

Нашите репрезентативци на 11. октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваат Молдавија. На 15. октомври на гости играме против селекцијата на Грузија.

Селекторот на Македонија до 21 година, даде свој коментар за претстојните предизвици на својата репрезентација.

-Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз.

-Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа против незгоден ривал. Сигурно дека нема лесен противник во овие квалификации и ниту еден меч не може да се добие лесно, па така ќе биде и на следните дуели против Молдавија и Грузија.

-За овој собир играчкиот кадар ќе претрпи промени. На наше големо задоволство двајца наши играчи, Марио Илиевски и Андреј Стојчевски се повикани во А репрезентацијата на Македонија. Имаме 10 фудбалери кои подолго време се носители на оваа генерација и 10 млади фудбалери кои полека ќе ги подготвуваме за следниот квалификациски циклус што следува.

-Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим.

-Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голежа желба и посветеност за се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна, истакнаа од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Рафаел Надал заминува во спортска пензија!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од спортот, последните натпревари за Шпанија ќе ги одигра на крајот на...

Lifestyle4 часа

Проверете во кои ситуации не треба (веднаш) да ги миеме забите

На социјалните мрежи кружат различни совети за хигиената на забите, а посебно внимание привлече еден – тврдењето дека постојат три...

Lifestyle4 часа

Седум видови одмор за враќање на енергијата

Во денешниот зафатен свет, многу луѓе се борат со хроничен замор и исцрпеност. Иако спиењето е важен аспект на закрепнувањето,...

Магазин4 часа

Рангирање на најпопуларните брендови во светот на лаптопите

Lenovo води во глобалната трка на пазарот на компјутери, додека Apple забележува пад на продажбата и Asus го престигнува во...

Магазин4 часа

Апликацијата NVIDIA ќе ја замени GeForce Experience

Идните ажурирања ќе имаат за цел да ги спојат GeForce Experience и NVIDIA контролната табла. Апликација NVIDIA Овој февруари, NVIDIA...

Временска прогноза4 часа

Денес и утре „мини-лето“ преку ден, додека утринските температури ќе бидат ниски

Денес (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека утре...

Свет14 часа

(ВИДЕО) Жителите во областа Тампа добија порака „Преземете акција да ги заштитите вашите животи“

Областа Тампа, која се подготвува за претстојното предупредување дека тука ќе биде застапен ураганот Милтон, официјално доби порака дека доаѓа...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за четврток (10 октомври)

ОВЕН Можеби ќе имате некој конфликт поврзан со работното опкружување. Ве очекуваат многу проблеми на ова поле. Потребен ви е...

Спорт16 часа

Македонската фудбалска репрезентација утре оди на победа, Милевски размислува за стартниот тим, Чурлинов и Трајковски се повредени

Македонската фудбалска репрезентација утре ги продолжува своите настапи во Лигата на нации со дуелот против Летонија во Рига. Нашиот национален тим...

Кичево21 час

Утре во ЦК „Кочо Рацин“- Кичево ќе се одржи X-тата јубилејна младинска керамичка работилница

Утре четврток (10.10.2024год.) во фоајето при Центарот за култура „Кочо Рацин“- Кичево ќе се одржи X-та јубилејна Младинска керамичка работилница...

НАЈЧИТАНИ