Следете не

Спорт

Презакажан мечот за екипите Борец 1919 и Башкими 1947 од втората македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за натпревари на ФФМ направи промена на терминот на одигрување на натпреварот помеѓу екипите на ФК Борец 1919 – ФК Башкими 1947  во рамки на 1. коло на Втора МФЛ. Мечот ќе се  одигра во вторник, 20.08.2024 година со почеток во 17:00 часот на Градскиот стадион во Велес, извесутваат од ФФМ.

Спорт

(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Објавено пред

на

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“.

Учесници дојдоа од повеќе европски земји, а маршрутата во три дена опфати старт од скопска “Порта Македонија”, финиш исто така Скопје, со ноќевања во Дојран и Охрид.

Колоната минуваше низ градови низ целата земја, промовирајќи дружење и љубов кон моторите, додека денес беа официјални гости и во нашиот град Кичево на ланч пакет и одмор.

Оваа година беше значајно една од најдобро поминатите. Од аспект на безбедност, редари за покажување насоки на движење и се разбира помина се во најдобар ред без посериозни несакани случувања.

Исто така вреди да се напомене дека и оваа година возеше еден од најстарите возачи г-дин Орце од Скопје кој перфектно извози на свои околу 72 години, за тоа оддаваме посебен респект.

За нашиот медиум, во иднина управата очекува поддршка и се надева дека овој настан конечно ќе биде помогнат од надлежните институции, кој се организира токму 34 години.

Вечна традиција бајкери!

Мини галерија преку нашиот објектив:

Прочитај повеќе...

Спорт

Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Објавено пред

на

©porta.mk

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.

Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:

„За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“

Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.

Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Објавено пред

на

©porta.mk

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од вистинска спортска приказна. Во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, а ова е идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.

Нашата мисија е преку спортот да создадеме силни личности, вистински другарства и да им помогнеме на младите да ја развијат својата љубов кон кошарката, за Порта.мк истакнаа искусните тренери.

Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?

  • Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
  • Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
  • Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.

Твојот прв кош е само почеток – со нас ќе ги поставиш темелите на својата спортска иднина!

📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:

  • 075/525-774 – Војне Савески
  • 078/424-238 – Александар Димитров

🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Музика2 часа

(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој...

Македонија3 часа

Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар,...

Спорт5 часа

(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на...

Кичево8 часа

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица. –...

Македонија9 часа

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за понеделник (8 септември)

ОВЕН Доаѓаат големи промени, а начинот на кој ќе се поставите ќе влијае на тоа како ќе се одвиваат. Постои...

Кичево24 часа

Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат...

Кичево1 ден

Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу...

Кичево1 ден

Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!

Од најдобрите и најкреативни програми, овој пат ви го претставуваме новото, кичевско „Наше театарче“ – магично место каде што вашите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (7 септември)

Овен Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете...

НАЈЧИТАНИ