Скопје
При контрола во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени девет лица
На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога. При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана.
При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила, известуваат од МВР.
Скопје
Во понеделник во Скопје посебен режим на сообраќај
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Скопје
Земјотрес предмалку почуствуван во скопскиот регион
Предмалку земјотрес регистриран на 20 километри источно од Скопје.
Според EMSC истиот неофицијално е забележан со јачина од 3,4 или 3,8 степени.
Повеќе детали наскоро.
⚠Preliminary info: #earthquake (#земјотрес) about 20 km S of #Skopje (Republic of North Macedonia) 1 min ago (local time 02:02:04)❗MAGNITUDE NOT AVAILABLE YET❗Updates at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t pic.twitter.com/bf6EP9lgcH— EMSC (@LastQuake) September 23, 2024
Скопје
СВР Скопје го расчисти случајот со пожарот во Расадник, поднесена е кривична пријава против 14-годишник, фрлал пиротехника запалена со запалка
На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари.
Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери, извести МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 октомври)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за сабота (5 октомври)
-
Кичево11 часа
Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика
-
Временска прогноза2 дена
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“
-
Магазин1 ден
Spotify: Слушање музика дури и без интернет конекција
-
Магазин1 ден
Корисниците на Android менуваат телефони почесто од сопствениците на iPhone
-
Спорт1 ден
Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ против Македонија ЃП, додека Пелистер ќе игра против Детонит во осминафиналето на Купот на Македонија