Магазин
Приходите на Twitter паднаа за околу 40%

Во текот на декември приходите од реклами се намалија за 71%.
Откако Маск го презеде Twitter, голем број огласувачи се повлекоа. Во текот на декември минатата година приходите од реклами на Twitter се намалија за 71%. Новите извештаи покажуваат пад од 40%.
Во споредба со минатата година, Twitter е во пад од 40%. Огласувачите ги намалија своите трошења на платформата, додека некои целосно исчезнаа. Сепак, падот од 40% не е толку драстичен во однос на декемврискиот пад од 70%.
Маск верува дека Twitter нема да банкротира и дека компанијата може да се пробие до ноември 2023 година.
Извор: indianexpress.com
Хороскоп
Хороскоп за четврток (27 март)

ОВЕН
Ве очекува неповолен ден на деловно поле. Можно е да имате некои помали проблеми на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е најдобар и многу ве оптеретува. Проблеми со органите за варење.
БИК
Иако сте имале поголеми трошоци, ќе успеете да најдете решение за своите проблеми. Често мислите на личноста која ви се допаѓа, но сѐ уште не сте подготвени да и ги признаете своите чувства. Избегнувајте алкохол.
БЛИЗНАЦИ
Резултатот од ситуацијата на деловно поле кај вас може да биде прилично извесен. Ќе бидете задоволни со промените. Добро се чувствувате покрај саканата личност и среќни сте кога сте заедно. Помал пад на енергија ве очекува.
РАК
Може да очекувате дека ќе ги остварите своите планови. Кариерата сега ви оди во нагорна линија. Ве очекуваат возбудливи ситуации со личноста која ви се допаѓа. Многу наскоро би можеле да влезете во врска. Спортувајте.
ЛАВ
Ве очекува поволен ден во кој ќе добиете убави вести на деловно поле. Добивате внимание од страна на вашиот партнер. Ако сте слободни ве очекува интересно познанство кое води до заљубување. Стомакот ви е чувствителен.
ДЕВИЦА
Може да сметате на добра состојба на финансиско поле. Ве оптеретуваат проблеми од минатото. Лесно покажувате интерес кој симпатијата. Подготвени сте да го направите првиот чекор. Одлична здравствена состојба.
ВАГА
Ќе бидете позитивно расположени и ќе привлечете добри промени на деловно поле. Пред вас е поволен ден. Верувате ово личноста која ја избравте за себе. Пред вас е добра фаза за можности да влезете во сериозна врска. Одлично здравје.
ШКОРПИЈА
Доколку сакате промени кога станува збор за работата, ќе биде потребно да се потрудите повеќе. Најважно ви е да ги решите недоразбирањата со саканата личност и да се посветите еден на друг. Низок притисок.
СТРЕЛЕЦ
Верувате во себе и подготвени сте отворено да ги покажете своите способности за да остварите поголем успех на деловно поле. Доколку се впуштите во нова љубовна врска, може да трае и да биде сериозна. Избегнувајте алкохол.
ЈАРЕЦ
Може да се надевате на позитивни пресврти кога станува збор за работата. Пред вас е добар ден. Односот со саканата личност се менува во наредниот период и не сте сигурни кон кој правец води. Здравјето е во ред.
ВОДОЛИЈА
Доколку чекавте промени кога станува збор за работата, сега ќе сфатите дека е вистински момент да ги реализирате. Пред вас е поволен ден за емоции. Покажете му ги на вашиот партнер чувствата. Посетете стоматолог.
РИБИ
Ве очекува можност за деловно напредување. Може да очекувате добар однос со претпоставените. Ви се допаѓа личност која може да биде поврзана со вашето деловно опкружување. Потребна ви е рекреација.
Lifestyle
Колку микропластика внесуваме преку гумата за џвакање?

Студија објавена во вторникот покажала дека гума за џвакање ослободува стотици микропластични честички директно во устата. Иако резултатите се загрижувачки, авторите на истражувањето остануваат внимателни во однос на потенцијалното влијание на овие честички врз здравјето на потрошувачите.
Микропластика: Присутна во секојдневието
Микропластичните честички се веќе откриени во воздухот, водата, храната, пакувањето, синтетичкиот текстил и козметиката. Луѓето ги голтаат, ги вдишуваат или доаѓаат во контакт со нивната кожа секој ден. Овие честички се пронајдени во речиси сите делови од човечкото тело, од белите дробови и бубрезите до мозокот. Иако научниците сè уште не се сигурни за точното влијание врз здравјето, некои веќе изразија загриженост.
„Не сакам да ги плашам луѓето“, изјави за AFP Санџај Моханти, водечки автор на студијата која беше презентирана на состанокот на Американското хемиско друштво и поднесена за рецензија за научна публикација, но сè уште не е објавена.
Студија на UCLA: Како гума за џвакање ги ослободува микропластичните честички
Истражувањето, спроведено од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA), покажува дека гума за џвакање може да ослободи значителна количина на микропластични честички. Лиза Лоу, докторант на UCLA, џвакала седум парчиња гума за џвакање од десет различни марки. После тоа, хемиски анализа на плунката открила дека еден грам гума за џвакање ослободува во просек 100 микропластични честички. Некои гуми за џвакање ослободуваат повеќе од 600 честички.
Научниците забележуваат дека ако човек џвака 180 парчиња гума за џвакање годишно, може да внесе и до 30.000 микропластични честички.
Количината на микропластика и нејзините ефекти
Сепак, оваа количина е релативно мала во споредба со многу други извори на микропластика. На пример, други истражувачи минатата година процениле дека еден литар вода од пластично шише содржи во просек 240.000 микропластични честички. Иако количината на микропластика во гумите за џвакање може да изгледа загрижувачки, многу експерти сметаат дека ова не претставува сериозен ризик за здравјето.
Оливер Џонс, професор по хемија на австралискиот универзитет RMIT, истакнува дека количината на микропластика пронајдена во гума за џвакање е „многу мала“ и дека честичките „веројатно поминуваат низ телото без никаков ефект“. Тој додава: „Мислам дека сè уште не треба да престанеме да џвакаме гуми за џвакање“.
Заклучок
Иако количината на микропластика што се ослободува од гумата за џвакање може да изгледа значајна, нејзиното влијание врз здравјето на човекот сè уште не е јасно. Научниците нагласуваат дека оваа појава не е причина за паника, но и дека е важно да се продолжи со истражувањата на оваа тема. Во меѓувреме, потрошувачите не треба да се загрижуваат за потенцијалните здравствени ризици од гумата за џвакање, но треба да бидат свесни за постоечките извори на микропластика во нивното секојдневие.
Извор: N1Info
Магазин
Дали ChatGPT навистина ви помага или ве прави зависни?

Една нова студија предупредува на емоционална зависност од ChatGPT и губење на независноста кај прекумерните корисници. Преголемото потпирање на вештачката интелигенција (AI) може да ја загрози способноста за донесување независни одлуки.
AI како „пријател“ на современиот свет
Новата студија на MIT Media Lab во соработка со OpenAI ги открива алармантните ефекти од прекумерната употреба на AI, што укажува дека ChatGPT, иако е корисен, може да предизвика сериозни емоционални и психолошки последици за корисниците. Студијата следеше 1.000 луѓе во текот на четири недели и откри дека преголемото потпирање на оваа технологија може да доведе до емоционална зависност и намалување на независноста.
За многу корисници, ChatGPT не е само алатка за решавање проблеми, туку станува „пријател“ на кого му се доверуваат најдлабоките прашања. Истражувачите забележале дека луѓето кои често го користат ChatGPT за совети, објаснувања и креативни идеи, развиваат емоционална врска со оваа технологија.
Губење на независноста
Прекумерната употреба на AI може да доведе до губење на способноста за независно размислување, предупредуваат истражувачите. Кога ChatGPT се користи како примарен извор на одлуки, луѓето стануваат пасивни и се потпираат на AI за речиси сè – од мали задачи до важни животни одлуки.
Научниците велат дека не станува збор само за емоционална зависност, туку и за потенцијално губење на когнитивната независност. Ако овој тренд продолжи, луѓето би можеле сè повеќе да се потпираат на вештачките системи за донесување одлуки, што може да ја загрози нивната способност за самостојно решавање на проблемите.
Помеѓу иновацијата и губењето на идентитетот
Како што светот брзо ја усвојува вештачката интелигенција, работниците се соочуваат со дилема.
. Како да останат конкурентни во ерата на автоматизацијата, без губење на сопствената креативност и идентитет?
Иако AI може да помогне во автоматизација на повторливи задачи, целосната замена на човечката автономија е сè уште далечна иднина. Како што истакна Авиџит Гош од Hugging Face.
. „Автоматизацијата не е исто што и автономијата.“
Балансирање меѓу AI и човечките способности
Заклучокот на студијата е јасен.
. AI треба да биде алатка што ги подобрува човечките способности, а не замена за човечката автономија.
. Корисниците мора да најдат рамнотежа – помеѓу придобивките од AI и сопствената способност за независно размислување и донесување одлуки.
Извор: Kurir
-
Македонија2 дена
Уште еден регистриран на радар со 104 км/ч, каде по пропис е 40 дозволено!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (26 март)
-
Автомобили22 часа
Ова се 10-те најпродавани автомобили во Европа: Еден е победник во дури 42 земји
-
Македонија20 часа
„Рурална Коалиција“ ја изработи првата мапа со туристички локалитети во реонот на „Илинска планина“
-
Спорт2 дена
Пред вечерашниот меч, на денешната седница на УО при ФФМ донесени низа одлуки, меѓунив изгласан е нов генерален секретар – Леонид Јандреоски
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за четврток (27 март)
-
Спорт13 часа
(ГАЛЕРИЈА) Вчера Велс издржа, во следното коло на 6-ти јуни Македонија на домашен терен ја дочекува Белгија
-
Временска прогноза11 часа
Врнежи од дожд, проследени со Сахарска прашина, ова се најновите метео вести