Скопје
Пријавен грабеж во скопскиот црковен храм „Константин и Елена“

Скопје
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Р.Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување помош, информира МВР.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, информира МВР.
Скопје
Во ПС Карпош пријавено дека исчезнато е дете на 8 годишна возраст

Денеска (01.05.2025) во 00.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Џ.(55) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечил неговиот син А.Џ. (8), кој имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, известува МВР за јавноста.
-
Хроника1 ден
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Македонија2 дена
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Здравје и убавина2 дена
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Скопје1 ден
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Македонија20 часа
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста