Скопје
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од МВР.
Скопје
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Скопје
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.
Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.
Скопје
Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б. (71).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (20 јуни)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (21 јуни)
-
Хроника1 ден
СВР Охрид со детали за страшната сообраќајка синоќа на булеварот „Туристичка“ во Охрид
-
Временска прогноза2 дена
Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова е новата цена
-
На денешен ден22 часа
Времеплов: На денешен ден – 21 јуни
-
Магазин1 ден
Facebook воведува Passkey: Безбедна најава без лозинка
-
Lifestyle1 ден
Валкан клима уред? Потенцијална закана за здравјето – еве зошто