Македонија
(ГАЛЕРИЈА) Започна процесот за изработка на стратегија за развој на руралните средини Кичево, Пласница и Македонски Брод

Рурална Коалиција во соработка со Мрежата за рурален развој – Скопје, а со поддршка на општините Кичево, Македонски Брод и Пласница ја одржа првата заедничка работилница за изработка на стратегија за развој на руралните средини на териториите на трите општини, а како еден од основните пред-услови за регистрација на Локална Акциска Група која што ги вклучува сите чинители во заедницата (граѓани, здруженија, бизнис сектор, општини), а ќе делува на териториите на трите општини и ќе придонесува кон локалниот и рурален развој на истите преку директна соработка со локалното население.
Што всушност претставува формата Локална Акциска Група и ЛЕАДЕР пристапот?
Имено, ЛЕАДЕР пристапот претставува уникатна можност за заедничко остварување на руралниот развој преку локална поддршка. Постојат седум клучни карактеристики кои го сумираат ЛЕАДЕР пристапот : 1. Стратегија за локален развој заснована на територија; 2. Пристап “од долу нагоре” со моќ за одлучување на Локалните акциони групи во врска со изработувањето и спроведувањето на стратегиите за локален рурален развој, 3. Јавно – приватно партнерство : Локална акциона група (ЛАГ); Иновациски активности; 5. Повеќесекторски активности и спроведување на истите; 6. Вмрежување помеѓу Локалните акциони групи и 7. Спроведување на проекти за соработка. Овие карактеристики претставуваат една целина (сет на алатки) и секоја карактеристика е комплементарна и има позитивно взаемно дејство со другите карактеристики низ целиот процес на спроведување, со трајни ефекти врз динамичноста на руралните средини и нивниот капацитет да ги решат сопствените проблеми.
Она што исто така е клучно за функционалноста на овој пристап се финансиските средства кои што ќе следуваат за развој токму на овој пристап и за решавање на проблемите на локалното население. Имено, во нашата држава оваа мерка за развој ЛИДЕР пристапот се очекува да биде акредитирана во рамките на ИПАРД 3 програмата каде што се очекуваат 25 милиони евра кои што ќе бидат ставени на располагање на локалните акциски групи што пак ќе значи унапредување на локалниот економски и рурален развој согласно предлозите и потребите на локалното население кое што живее на територијата на трите општини.
Процесот на изработка на стратегијата за локален економски и рурален развој ќе трае до почетокот на месец април преку одржување на работилници и креирање на работни групи на териториите на трите општини кога се очекува локалните чинители да ги дефинираат стратешките приоритети и проекти на кои што ќе работат до 2027 година. По изработката на стратегијата следува процес и на регистрација на Локалната Акциска Група каде што трите општини ќе бидат дел и од основачите на оваа група која што најверојатно ќе го носи називот „Треска“ како заедничко обележје на трите општини.
Македонија
ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:
село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)
Инфо: струја
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура5 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје19 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Временска прогноза2 дена
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите
-
Магазин2 дена
Giveaway: Евротип спортските обложувалници доделуваат навивачки комплет само за вистински навивачи на Ливерпул и Реал Мадрид
-
Занимливости1 ден
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“