Временска прогноза
Продолжува стабилното време со мала локална облачност, од недела многу топло, ова се деталите..
И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Повремено ќе има услови за изолирана попладневна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во сабота и во текот на следната недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува.
Температурите ќе бидат пријатни и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Од недела, па во текот на следната седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе биде со потекло од југ (северните предели на Африка. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на многу брз пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 39 степени.
Од средината на следната седмица , исто така температурите во најтоплите предели има услови и да надминуваат 40 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.
Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.
Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.
Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.
Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.
Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.
Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.
Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски
Временска прогноза
Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
– Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски
-
Кичево2 денаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево2 денаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза2 денаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Хороскоп2 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Македонија1 денНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Магазин2 денаДоаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости
