Следете не

Временска прогноза

Продолжува стабилното време со мала локална облачност, од недела многу топло, ова се деталите..

Објавено пред

на

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Повремено ќе има услови за изолирана попладневна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во сабота и во текот на следната недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува.

Температурите ќе бидат пријатни и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Од недела, па во текот на следната седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе биде со потекло од југ (северните предели на Африка. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на многу брз пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 39 степени.

Од средината на следната седмица , исто така температурите во најтоплите предели има услови и да надминуваат 40 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.

Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.

Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (19 март)

ОВЕН Овен, имате за што да бидете благодарни. Зошто не го прославите тоа вечерва со пријателите? Заборавете на проблемите со...

Кичево3 часа

(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“

Предмалку во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево заврши гламурозната модна ревија со рециклирани материјали насловена како „Eco Fashion Show“, благодарение...

Магазин13 часа

Новото истражување покажа невообичаени последици од борбата против пиратеријата

Заканувачките пораки против дигиталната пиратерија може да имаат необични резултати, нагласувајќи ја потребата од приспособени пристапи, покажа новото истражување. Една...

Магазин13 часа

Најавена е соработка на два гиганти: вештачката интелигенција на Google наскоро ќе се најде и на iPhone

Акциите на Alphabet пораснаа за 2,7% во почетокот на тргувањето во понеделникот, по веста дека технолошкиот гигант Apple преговара за...

Магазин14 часа

Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција

Италија планира да формира инвестициски фонд со почетна инвестиција од 1 милијарда евра. Италија сака да промовира проекти за вештачка...

Магазин14 часа

Google Wallet наскоро ќе поддржува Apple Pass

Поддршката за пропусници со формат „pkpass“ на Apple за паричниците на Google Wallet наскоро би можела да стане поедноставна, што...

Магазин14 часа

Претплатите на Google Play Pass пораснаа за 120% во текот на изминатата година

Google Play Points има над 220 милиони членови на 35 пазари пред лансирањето во Бразил што се очекува оваа година....

Спорт14 часа

(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година

Кичевчанецот Драган Силјаноски, поранешниот македонски репрезентативец и официјално е назначен за директор на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Во...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (18 март)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Автомобили1 ден

Кинеска автомобилска компанија бележи продажен пораст на возила во февруари

Агенцијата Автостат објави дека февруари во Русија завршил со повеќе од 104.000 регистрации на нови автомобили. Тоа е дури 30...

НАЈЧИТАНИ