Временска прогноза
Продолжуваат интензивни врнежи од дожд, од понеделник промена на времето и пад на температурите

Моќниот циклон пристигна во западните предели од Македонија, условувајќи олуен ветер и интензивни дождови. Понатаму врнежите ќе се прошират насекаде и НАЈИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните и во југозападните предели. Постои опасност од локални ПОПЛАВИ, затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
За Порта пишува Славчо Попоски
Температурите поради силното јужно и југозападно воздушно струење ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи и насекаде над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат дури до околу 18 степени.
НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ЗА ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ И НА НЕКОИ ОД ПОНИСКИТЕ МЕСТА (ГРАДОВИТЕ): Поради продор на СТУДЕНА воздушна маса од север, ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник рано наутро се очекува позначителен пад на температурите, со што освен на планините, провејување на слаб снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во северната половина од државава.
Сепак после ова краткотрајно заладување на времето, следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите и ново изразено јужно воздушно струење, како и јужен и југозападн ветер, детални информации околу ова НАСКОРО – СЛЕДЕТЕ НЕ!
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион викендов ќе имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, како и негово повремено засилување на интензитет.
Сепак, поради продор на поладен воздух од север на висина, утре (недела 6 јули) во попладневните часови ќе имаме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), силни електрични празнења и со услови за појава на град кој би можел да биде и покрупен.
Ваквите поинтензивни атмосферски процеси особено ќе ги има во планинските предели.
Што се однесува до температурите, тие викендов и понатаму насекаде низ нашата Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие локално повторно ќе надминуваат 40 степени. И во Скопје и околината температурата викендов ќе достигне до околу 40 степени, или ќе надминува 40 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам, осоебно оние повозрасните граѓани без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).
Исто така, на граѓаните ги советувам да пијат и повеќе течности за време на овие големи летни горештини, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот.
Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Република Македонија.
Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат и регионот.
Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во Македонија, утрово информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Македонија10 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза14 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт2 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Lifestyle11 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена