Временска прогноза
Продор на влажен бран ќе ги зачести дождовите, како и снегот на планинските места – ова се последните метео вести..

Во втората половина од претстојната ноќ према утринските часови кон утрешниот ден, како и утре поради продор на влажен бран од југ во присуство на студен воздух од север на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм.
На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег). Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.
Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.
НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег).
Што се однесува до претстојната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).
Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.
За порта.мк истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Антициклон ќе услови температури до -15°C, ова се најновите метео вести

Под влијание на многу студена и сува воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО, односно променливо облачно со сончеви периоди. Денес сеуште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.
Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу – 10 степени, понекаде и до околу – 15 степени, додека во северозападните високи планински предели и под – 15 степени.
Максималните дневни температури пак исто така на повеќе места ќе се задржат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од – 5 до 4 степени.
Врнежи од снег оваа седмица не се очекуваат што значи ќе имаме сув голем студ.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Денес сеуште ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе спуштаат во интервалот од – 7 до – 5 степени а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу – 1 и 2 степени.
Напомена: Во следниот период ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде со слаб до умерен интензитет. Утре сеуште особено Долж Повардарието ќе биде со ЗАСИЛЕН интензитет. Исто така воздушниот притисок во следните денови ќе биде МНОГУ ВИСОК , околу па дури и над 1035 htp, што значи дека ќе бидеме под влијание на силен Aнтициклонски систем.
Известува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….

Под влијание на поларна воздушна маса која се спушта од север, во текот на седмицата која што ни претстои ќе имаме многу студено и суво време (сув студ). Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само денес локално ќе провејува и снег.
Особено денес и утре ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено и СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 80 км/час).
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат и до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планински места на северозапад дури до околу -20 степени.
Во Скопје исто така ќе имаме променливо облачно време со засилен ветер од северен правец. Ќе биде и доста студено со минимални температури до околу -5 степени. Ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 0 и 2 степени.
За нашиот медиум известува Попоски..
Временска прогноза
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија

Почнувајќи од денес попладне и навечер, па во текот на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса од север. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН , повремено и ОЛУЕН ветер од северен правец (над 80 км/час, на планините и до околу 100 км/час). Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ поради можни штети.
Во текот на денешната вечер и ноќ температурите НАГЛО ќе опаднат и во следните денови потоа наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, понекаде и до околу -15 степени, додека на високите планини на северозапад температурите ќе се спуштаат и под -15 степени.
Утре локално сеуште ќе провејува снег, додека во текот на следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и МНОГУ СТУДЕНО време (претежно сув студ).
Во Скопје и околината исто така ќе има послаби врнежи претежно од снег а ќе започне да дува и СИЛЕН северен ветер. Температурите од денешната ноќ НАГЛО ќе опаднат и ќе бидат под нулата (близу -10 степени наутро). Максималните температури исто така ќе се задржат околу или под нулата.
Пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Свет14 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (9 февруари)
-
Магазин2 дена
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео13 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин2 дена
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици
-
Свет2 дена
SpaceX ќе се обиде да го лансира Starship во март
-
Свет1 ден
Бројот на жртви не запира, денеска надмина 6,200 луѓе, додека спасувачите и покрај лошите временски услови се обидуваат да извадат живи луѓе..