Занимливости
Програмерите на видео игри откриваат колку заработуваат во таа дејност

Програмерите на видео игри споделија податоци за тоа колку заработуваат на Твитер, под хештагот #GameDevPaidMe, пишува Russia Today.
Работници од различни сектори на гејмерската индустрија и од различни студиа како Bungie, Activision Blizzard, Riot Games и Ubisoft ги открија своите плати и како пораснале со текот на годините. Многумина забележале разлики во платите, а некои од нив заработуваат значително повеќе на исти или слични позиции.
Како што се очекуваше, највисоките плати се исплаќаат во земји како што се Соединетите Американски Држави и Канада, каде позициите на почетно ниво нудат од 20.000 до 40.000 долари годишно, а работниците од средно ниво може да очекуваат од 80.000 до 120.000 долари годишно. Сепак, другите земји можат да понудат значително помали плати за истите позиции, а вработените од средно ниво во земји како Мексико добиваат само околу 30 илјади долари годишно.
#GameDevPaidMe #GameDev
Riot Games, Los Angeles
Mid-level producer, 3 years exp
Base pay $120,231 with bonus up to ~150,000 plus benefits like 401k matching and great healthcare. I'm very happy with my comp and I post not to brag, but in solidarity! https://t.co/8odC36XYvm— Bun (@RiotTinyBun) December 6, 2021
Најмногу заработуваат поискусните програмери, меѓу 100 илјади и 140 илјади долари годишно. Некои од нив заработуваат повеќе од 200.000 долари годишно.
Некои познати програмери, исто така, ја открија својата плата, вклучувајќи го и развивачот на играта Fallout, Џош Соер.
2021: $213k/yr at Obsidian Entertainment as Studio Design Director and Game Director.#GameDevPaidMe https://t.co/qGXxZInSF4
— Josh Sawyer (@jesawyer) December 6, 2021
Многумина забележаа дека платите во индустријата за игри, особено за позициите на програмери, се значително пониски од оние што се плаќаат во традиционалниот технолошки сектор. Програмер кој работи за Demonware, сервис за Call of Duty, истакна дека можел да заработи „многу повеќе“ доколку не била неговата љубов кон видео игрите.
Хештагот #GameDevPaidMe беше лансиран во 2020 година, а слични трендови се појавија и во другите индустрии. И покрај ова, многумина веруваат дека јазот во платите продолжува да се појавува низ индустријата.
Корисниците се надеваат дека таквата транспарентност ќе ги охрабри работодавците да им понудат на своите работници правични плати во целата индустрија.
Извор: b92.net
Занимливости
Генијален „стар“ трик за белеење заби

Белеењето на забите е постапка која постојано треба да ја повторувате, а тоа не е толку евтино доколку често го посетувате стоматологот.
Затоа пробајте ја методата за белеење на забите во домот. Потребни ви се само паста, сода бикарбона и фолија.
Смесата од паста помешана со сода нанесете ја на парче алуминиумска фолија, ставете ја на забите и притиснете за фолијата добро да се залепи на забите. Оставете ја така да отстои неколку минути и отстранете ја фолијата и добро исчеткајте ги забите.
Потоа погледнете се во огледалото!
Бидете подготвени за изненадување, бидејќи забите драстично ќе ја промнат бојата. Ако имате тврдокорни наслаги постапката повторувајте ја два пати неделно.
/denar.mk
Занимливости
(ВИДЕО) Џиновски делови од 22-тонската погонска ракета биле пронајдени во близина на брегот на Филипините

Парчиња од кинеската ракета Long March 5B, која вчера неконтролирано падна на Земјата, изгледа дека завршиле во Борнео. Иако погонската етапа на ракетата, тешка повеќе од 22 тони, падна на Земјата во текот на викендот, нејзината точна локација не беше позната. Кинеските експерти го поставија местото на несреќата во близина на брегот на Филипините.
Сепак, локалните медиуми во Борнео тврдат дека остатоците од ракетата завршиле и на тој остров. За среќа паднале на земјоделски ниви и нема повредени.
Астрономот Џонатан Мекдауел, кој го следи движењето на вселенските објекти, забележал дека остатоците паднале многу блиску до селата и куќите.
– „Сто метри лево или десно и можеше да биде сосема поинаква приказна“, истакна Мекдауел.
Кина вчера објави дека проектилот паднал во морето кај Филипините. Меѓутоа, додека минувал низ атмосферата, остатоците кои паѓаат од него би можеле да завршат во голем радиус.
Видео од остатоците може да погледнете ТУКА
/rts.rs
Занимливости
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери

Инвеститорите кои го постигнаа својот статус на милионери благодарение на високата цена на водечката криптовалута, веќе не се милионери, барем повеќето од нив. Драстичниот пад на цената на криптовалутите, главно најпопуларни од сите, значи дека над 80.000 луѓе повеќе не се милионери.
Bitcoin милионери
Пред 9 месеци, поточно на 12 ноември 2021 година, неколку дена откако Bitcoin достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари, скоро 109.000 биткоин паричници чуваа повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin.
Денес, кога цената на 1 Bitcoin се бори да го задржи својот нос над 20.000 долари, само 26.284 паричници можат да кажат дека имаат повеќе од 1 милион долари во криптовалута Bitcoin , што значи дека бројот на милионери BTC е намален за над 75 отсто во последните 9 месеци.
Драматичниот пад на вредноста на криптовалутите доведе и до намалување на бројот на „крипто китови“, сопственици на паричници кои имаат повеќе од 10 милиони долари на својата сметка. Бројот на такви корисници падна од 10.587 паричници на 4.342, што е пад од речиси 60 проценти.
И покрај падот на вредноста на целиот крипто-пазар, се појавија над 13.000 нови паричници кои имаат најмалку еден BTC во нивниот дигитален џеб.
Сегашната состојба на пад на цените е комбинација од сложени настани кои имаа негативно влијание врз криптовалутите. Тука мислиме на регулативите на Федералните резерви на САД, геополитичката нестабилност, зголемената инфлација и кредитните стапки. За жал, без вистинска стабилност на финансиските пазари ширум светот, се чини дека цената на Bitcoin и другите криптовалути ќе продолжи да страда уште некое време.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево2 дена
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија11 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Македонија11 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (16 август)
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија1 ден
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!