Следете не

Временска прогноза

Пролетни дневни температури, наместа со густа магла, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

Вистински пролетни температури за нова година, особено на повисоките места и на планините, додека по котлините и речните долини ќе има појава на ГУСТА МАГЛА и на ЗНАЧИТЕЛНА ниска облачност. Ќе биде и тивко.

Освен на пониските места (градовите), снег оваа нова година нема да има и на Скијачките центри.

Врнежи и поголемо заладување не се очекува и во првата седмица од новата 2023 година.

Сепак во ноќните и во утринските часови температурите ќе се спуштаат до околу, па и за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ (ПРОЛЕТНИ) и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, само на местата со магла и со ниска облачност истите ќе останат пониски.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека за време на новогодишната ноќ се очекува магла и ниска облачност на повеќе места, а истата ќе се задржи и во првите денови од новата 2023 година, ги советуваме возачите да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

За порта пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Објавено пред

на

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималните температури НАСЕКАДЕ ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат и до близу -10 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје ќе имаме слично време.

РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано уште постуден воздушен бран од север и снежен бран нашата територија ќе ја зафатат од четврток. Ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен правец.  Ако нема промени во нумеричките модели, наскоро следува детална и вонредна метео анализа

За Порта пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Објавено пред

на

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.

Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу –2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.

За нашиот медиум пишува Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Продор на влажен бран ќе ги зачести дождовите, како и снегот на планинските места – ова се последните метео вести..

Објавено пред

на

архива porta.mk

Во втората половина од претстојната ноќ према утринските часови кон утрешниот ден, како и утре поради продор на влажен бран од југ во присуство на студен воздух од север на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм.

На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег). Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.

Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.

НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег).

Што се однесува до претстојната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).

Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.

Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.

За порта.мк истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Денвер поразен од Филаделфија, во спектакуларен меч на МВП центрите Ембид и Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувањето кај Филаделфија со 126:119 во спектакуларен меч кој го одбележа МВП дуелот меѓу...

На денешен ден2 часа

29 јануари – На денешен ден

1412.- Во Нови Брдо бил издаден „Законот за рудниците на деспотот Стефан“. Тој е важен документ за српската писменост и...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (29 јануари)

ОВЕН Немојте да се впуштате во поголеми инвестиции денес. Најдобро е да избегнувате тешки физички активности. Оние кои се во...

Занимливости4 часа

Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при...

Временска прогноза10 часа

Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така...

Скопје11 часа

Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило...

Здравје и убавина15 часа

Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето...

На денешен ден1 ден

28 јануари – На денешен ден

814 – Чарлс I Велики, крал на Франките од 768 година и римско-германски император од 800 година, умрел кога бил...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (28 јануари)

ОВЕН Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви...

Временска прогноза1 ден

Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец....

НАЈЧИТАНИ