Временска прогноза
Пролетните температури продолжуваат со услови за краткотраен локален дожд – ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.
Потоа променливо време со услови за слаб локален дожд ќе имаме и утре, додека од среда времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец, особено утре и во среда. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, кон крајот на оваа недела истите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст.
Известува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Исто така оваа ноќ ќе биде значително посвежа за разлика од изминатите ноќи, а и утрешното утро (недела 15 јуни) ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 15 јуни) ќе се спушти до околу 14 степени.
Попоски додава: Најава за екстремно топол бран и понатаму немам, што значи продолжува умерениот топол бран од Африка, со попријатни температури преку ден кои ќе бидат без поголеми промени, но и свежи ноќи и утра со пониски температури, заврши Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во Македонија ни следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување на интензитетот на топлиот бран од Африка кој овие денови ја зафати нашата Македонија.
Сето ова ќе услови повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе имаме локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на некое големо невреме овој пат за среќа не очекуваме, што значи дека се работи за значително помала нестабилнот за ралика од минатиот пат, кога беше многу нестабилно.
Температурите во следните денови ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени, додека во Скопје максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 32/33 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (14 јуни)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за недела (15 јуни)
-
Спорт2 дена
Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски
-
Спорт2 дена
Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош
-
Скопје7 часа
Таксист во Скопје на швајцарец му наплатил 7800 ден и избегал
-
Временска прогноза23 часа
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер