Временска прогноза
Променливо облачно и по свежо со слаб локален дожд, од следната недела температури и до 33 степени
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, температурита ќе се искачи до околу 19 степени.
Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.
Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.
Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.
Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски
Временска прогноза
Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
– Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Здравје и убавина15 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
