Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…
Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска циркулација во текот на денешниот ден понеделник брзо ќе се поместува кон централен Јадран и Јонско Море влијаејки на времето во регионот.
Првиот влажен бран ќе се почувствува во утрово, односно во утринските часови во западните и северозападни делови од Македонија каде со очекуваат нови врнежи од снег а во пониските предели од дожд. Инаку скоро цела територија на Република Македонија ќе биде под снег до крајот на новата работна недела, се вели во соопштението.
Во попладневните часови врнежите ќе интензивираат (особено во Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија) така да не се исклучува и појавата на снег во одделни пониски места, предмалку за јавноста извести Славчо Попоски.
Временска прогноза
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска циркулација во текот на новиот ден понеделник брзо ќе се поместува кон централен Јадран и Јонско Море влијаејки на времето во регионот.
Првиот влажен бран ќе се почувствува во утрово, односно во утринските часови во западните и северозападни делови од Македонија каде со очекуваат нови врнежи од снег а во пониските предели од дожд. Инаку скоро цела територија на Република Македонија ќе биде под снег до крајот на новата работна недела, се вели во соопштението.
Во попладневните часови врнежите ќе интензивираат (особено во Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија) така да не се исклучува и појавата на снег во одделни пониски места, предмалку за јавноста извести Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
Многу длабок циклонски систем кој ќе биде со центар над Средоземјето, и во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе изнесува 989 хехтопаскали. Овој многу длабок циклонски систем ќе биде придружен со многу ладен воздух од север.
Во ваква ситуација во најголем дел од Балканот од вечерва па натаму во следните неколку денови ќе има многу обилни снежни врнежи, па така на многу места ширум државите од регионот ќе наврне големо количество на снег. Речиси сите држави од регионот ќе бидат зафатени од овој силен снежен бран. На многу места се очекува снежна покривка близу, па и над половина метар. На планините таа ќе достигнува дури и над еден метар.
Сето ова ќе биде проследено и со многу ладен ветер од северен и од североисточен правец кој понекаде ќе достигнува брзина и до околу, па и над 100 км/час. Токму поради ова ќе има појава и на снежни наноси.
На метеорлошката карта можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка во државите од регионот до 25 Декември, на Католички Божик.
Со ова може слободно да кажеме дека овој циклон ќе биде сличен на оној циклон Габор од 2012 година, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (24 декември)
-
Македонија17 часа
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
-
Временска прогноза1 ден
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Временска прогноза21 час
Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…
-
Македонија16 часа
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
-
Автомобили18 часа
Каде да се постават синџирите за снег на возила со погон на четири тркала?