Временска прогноза
Променливо облачно време, за викендов нови врнежи од дожд
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на јужно струење на висина, и истото условува НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот.
Времето и понатаму ќе биде променливо облачно. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој особено за време на викендот ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Исто така за време на викендот под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, кога е можна и локална појава на грмежи.
Температурите на воздухот остануваат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 13 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите можно е да се искачат до 15 степени.
Во Скопје и околината продолжува променливото време со јужен и југоисточен ветер кој особено за викендот ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Исто така за време на викендот ќе има врнежи од дожд. Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.
За Порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и токму на овие места ќе се формира снежна покривка.
И во Скопје и околината продолжува облачното и врнежливо време со повремено обилни врнежи од дожд и со повремено засилен ветер од северен правец.
– Локално до недела (30 Ноември) повторно ќе наврне големо количество на воден талог (нови над 50 литри дожд). Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците поради опасноста од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата кај нас и нови поплавувања.
Поради понатамошно спуштање на ладен воздух од север за време на викендот, особено во недела на 30 ноември врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри надморска височина а тоа значи дека повремен снег ќе има и во повисоките населени места во Македонија. Викендов и на околните планини во Скопје ќе има повремени врнежи од снег а можност за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.
Температурите особено викендов значително ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 7 степени, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне во Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо количество на воден талог (над 30 литри дожд) а значително поголемо количество на врнежи повторно ќе наврне во западните и во југозападните предели (локално над 70 литри дожд).
И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе наврне значително количество на дожд (над 30 литри дожд). Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.
Поради очекуваните нови обилни дождови апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците и тоа поради можноста за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија а исто така можни се и нови поплавувања, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
-
Кичево20 часа(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (30 ноември)
-
Кичево54 минутиПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп12 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Спорт2 дена(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
-
Здравје и убавина2 дена„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
-
Македонија2 денаСпречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица
-
Спорт2 денаМакедонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
