Временска прогноза
Променливо време, на повидок снег во регионите над 1000м надморска височина

Од утре (среда), а особено од четврток 5.12.2024 следува подолг период на променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, каде очекуваме зголемување на снежната покривка.
Повремено, и тоа особено во западните предели снег ќе врне и на повисоките места, па така услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места, односно на надморска височина до околу 1000 метри, а таа повремено би можела да се спушти и под 1000 метри.
Ќе биде претежно тивко, а поветровито време очекувам во недела, и тогаш ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопскиот регион, исто така особено од четврток (5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, а повремено на околните планини ќе има услови и за повремен снег. Во недела ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, наутро тие на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, освен на високите места и на планините, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, а во четврток тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец. Поради продорот на поладен воздух од североисток денес на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.
Што се однесува до температурите тие денес ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени а утре (сабота 18 октомври) тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 12 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 16 степени, за јавноста истакна Славчо Попоски од Метеоаларм.мк
Временска прогноза
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
Температурите во погоре споменатиот период повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот и тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Да напоменам дека поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри) во Македонија ќе има услови за повремен снег, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Без категорија2 дена
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Македонија1 ден
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Социјални мрежи2 дена
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
-
Временска прогноза6 часа
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Македонија3 часа
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Магазин5 часа
Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!