Временска прогноза
Променливо време уште денес, следува стабилизација и затоплување

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локално провејување на снег. Само на некои пониски места ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 3 до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засиелн ветер од северен правец. Ќе има услови и за локално проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.
Потоа од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе бидат во постепен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре нов бран на врнежи од дожд, проследен со северен ветер

Во текот на оваа работна седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час).
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од утре (вторник 27 мај) па во деновите потоа ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
– Од утре (вторник 27 мај) па во деновите потоа во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие остануваат со потпросечни вредности за крајот на месец и мај, и тие преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Наутро и понатаму исто така останува релативно свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека на високите и планинските места тие повремено ќе се спуштаат и под 5 степени, рано утрово истакна Славчо Попоски
– Инаку денес на метеоролошката карта може да забележиме дека утрово температурите на повеќе места се близу 0 степени, а на повисоките места, односно во Лазарополе бележиме и минусна негативна температура од -1 степен. Имаме и појава на слаб мраз утринава.
Временска прогноза
Затоплување нема ни под разно! Невообичаен период за последната седмица од мај месец!

Под влијание на ладен и влажен воздушен бран од север и од североисток, денешниот ден (недела 25 мај) во Република Македонија ќе биде многу ладен и дождлив насекаде, Локално, особено во јужните и во источните предели врнежите ќе бидат обилни (во овие предели ќе наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен).
Поради падот на температурте, на планините со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има повремени врнежи од снег, со што можно е формирање на помала снежна покривка.
И во Скопје и околината денешниот ден (недела 25 мај) ќе биде дождлив и ладен.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени. Во Скопје температурата денес (недела 25 мај) ќе се искачи само до околу 15 степени.
Потпросечните температури на воздухот ќе се задржат и во периодот од (понеделник 26 мај, до недела 1 јуни). Понеделник (26 мај) ќе биде претежно стабилен и сув ден, додека ново дестабилизирање на атмосферата и нови врнежи ни следуваат веќе од вторник (27 мај), предмалку за Порта.мк извести Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза за сабота и недела, ќе имаме дожд на секаде и голем пад на температурите, ова се последните метео вести

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на овој викенд (сабота и недела 24/25 мај) времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни, проследени со локална појава на грмежи. Локално процесите може да бидат застапени и во форма на невреме.
Локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд).
И во Скопје и околината овој викенд ќе биде врнежливо. Повремено врнежите ќе бидат обилни и поројни.
– Во исто време пак, од север и од североисток ќе ни се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Поради падот на температурите, не се исклучува можноста на високите планини (над 2000 метри надморска височина) да имаме и послаби врнежи од снег.
Поголем пад на температурите и значително поладно време ќе имаме особено во недела (25 мај) кога температурите на воздухот преку ден ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени.
Продорот на значително поладниот воздух од север и од североисток овој викенд, ќе биде проследен и со повремено засилен ветер од северен правец, истакна Славчо Попоски
Во прилог NOTHAS: Метеограм Скопје. 24-25 Мај 2025 12:00 UTC
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски непогоди.
Ова се однесува за целиот Балкан, вклучувајќи ја и нашата држава каде очекуваме почести врнежи следните месеци, како и се почести временски непогоди, кои за жал ќе бидат се по екстремни, и тоа поради климатските промени кои ни се случуваат.
Ла Ниња со себе ќе ни донесе и почести поладни продори од северот и од североистокот на Европа. Лето да, ќе имаме и ќе се оди на плажа, но според она што можам во моментов да го кажам во јавноста, е дека, екстремно топло лето во нашиот дел од Европа многу се мали шансите да има, што значи дека очекуваме по умерено топло лето, со не екстремно голема и долготрајна Африканска топлина.
Да се подготвиме за временските непогоди кои ни следуваат во следните месеци, и секако граѓаните да го следат најдобриот метеоролошки медиум „Метеоаларм.мк“ за актуелните најави и предупредувања, заврши Попоски.
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за вторник (27 мај)
-
Кичево2 дена
Денес редовниот состав на кичевската полиција ќе реализира боево гаѓање на стрелиштето во с.Осој кичевско
-
Временска прогноза2 дена
Од утре нов бран на врнежи од дожд, проследен со северен ветер
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден (26 мај)
-
Свет1 ден
(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!
-
Македонија11 часа
Скопјанец „летал“ со автомобилот во пробиштипско, на место каде е дозволено 40, тој управувал со брзина од 101 км/ч
-
Занимливости11 часа
Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години