Спорт
Промоција на новата кампања – Фудбалот против дискриминација поддржана од ФФМ, КСЗД и МЦМС
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Комисија за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и македонскиот центар за меѓународна соработка потпишаа меморандум за заедничка соработка во полето на промоција на еднаквоста,превенцијата и заштитата од дискриминација во Република Македонија преку зголемување на јавната свест, информирање и едукација.
ФФМ и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација започнуваат со реализација на проектот Промоција на еднаквоста во Македонија преку кампањата „Фудбалот против дискриминацијата“.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешната промоција на кампањата истакна:
„Фудбалот е игра која мора да биде достапна за секого, без оглед на тоа: кој пол е, која националност, koja верска припадност.Дали има инвалидитет, кој е, од каде доаѓа и како игра.Во фудбалот нема место за било каква дискриминација. Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди.
Праќаме силна порака за поддршка на различноста и за давање еднакви можности за ситe. Верувам дека сите се стремиме кон целта да направиме сѐ, после натпреварите да се зборува само за фудбалот.Гласно кажуваме ДА за ЕДНАКВОСТА.
Овој период, кога целото внимание на јавноста е насочено кон фудбалерите и нашиот настап на Европското првенство е совршена можност повторно да ја пратиме оваа порака и да ја славиме различноста“.

Весна Бендевска, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата истакна дека КЗСД има обврска за воспоставување соработка со партнери за остварување на принципот на еднаквост и унапредување на спречувањето и заштитата од дискриминацијата.
„ФФМ во своето делување е веќе докажана општествено одговорна организација која учествува во бројни кампањи чија цел е создавање подобро општество со еднакви можности за сите. Пандев, Адеми, Елмас и останатите фудбалери станаа синоним за заедништво, пријателство и меѓусебна почит. Како Комисија сметаме дека во моментот, фудбалската репрезентација на Македонија претставува вистински пример за градење повисока култура на еднаквост и разбирање меѓу сите граѓани во Македонија“.

Александар Кржаловски, директор на македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), институција која ја финансираше кампањата и промотивните видео спотови истакна дека МЦМС секогаш ќе прави напори за поддршка на вакви проекти, како што реализирале и во минатото, а имаат цел да ја подигнат свесноста против секаков вид на дискриминација без разлика дали е национална, родова, партиска и било каква.
Спорт
(ВИДЕО) Со голот на Павел Димоски од Кичево во 93 минута Македонија У15 ја победи силната Турција, момчето на „ФК Кичево“ гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојановски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Кичево1 денВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево1 денФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп20 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево23 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Временска прогноза1 денЛадно на утро со температури под нулата
-
Социјални мрежи1 ден„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“
-
Хроника1 денДенеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
