Магазин
Протекоа информации за MIUI 14 пред официјалното лансирање

Сите новости ги објави корисникот на Twitter @kacskrz, а MIUI 14 ни носи нова системска архитектура со претходно инсталирани апликации кои заземаат многу помалку простор и трошат помалку енергија, што треба да им обезбеди подобри перформанси. Има и нови опции за персонализација со различен формат на виџети, папки на почетниот екран и таканаречени „Супер икони“. Приватноста (се разбира) е ревидирана, без складирање на кориснички податоци во облакот и сите дејства извршени локално на уредот.
#MIUI14 changelog! pic.twitter.com/YFfWoFqLOc
— Kacper Skrzypek 🇵🇱 (@kacskrz) November 30, 2022
Гласовниот асистент Mi AI ќе добие повеќе функции како скенирање документи, преводи, но и помошник за повици со филтер за спам. Xiaomi исто така ја ревидираше стабилноста на спарувањето и поврзувањето со други уреди на Xiaomi како слушалки, таблети и телевизори.
Тој е надграден за пребарување, па сега имате пристап до вашата историја на пребарување со резултати подредени по категорија. MIUI 14 исто така носи поддршка за повеќе безжични читачи на картички, како и функционалност што ја зголемува брзината на мобилниот интернет кога сигналот за Wi-Fi е слаб.
/benchmark
Хороскоп
Хороскоп за недела (29 јануари)

ОВЕН
Немојте да се впуштате во поголеми инвестиции денес. Најдобро е да избегнувате тешки физички активности. Оние кои се во потрага по работа, ќе им се пружи одлична прилика недалеку од нивното место на живеење.
БИК
Се чувствувате како постојано да се сопнувате на вашиот пат? Мала промена во вашата рутина ќе го запре тоа. Некои напори кои сте ги вложувале во минатото за да остварите нешто, денес ќе бидат исплатени. Задоволни сте од вашиот љубовен живот, но немојте да ги земате нештата „здраво за готово“.
БЛИЗНАЦИ
Можно е долго време да сте трчале по некоја цел и на крајот сте удриле во ѕид. Денес обидете се повторно да ја остварите таа цел затоа што ѕвездите се на ваша страна. Пристигнуваат важни можности на ваша страна кои ќе придонесат за подобра иднина.
РАК
Облак од грижи се надвиснува над вас денес. Но поголемиот дел од тие грижи се непотребни. Обидете се да го растерате така што ќе размислите подобро како да ги решите сите проблеми. Можно е да има некои одложувања во извршувањето на некои важни работи. На крајот од денот се ќе заврши во ваша полза.
ЛАВ
Не очекувајте дека веднаш ќе бидете наградени за вашиот труд, за некои нешта е потребно повеќе време. Посветете се на работата темелно. Ќе морате да почекате подолго за да ви се оствари некоја голема желба. Не губете надеж.
ДЕВИЦА
Денот започнува така што среќата ќе биде на ваша страна. Ќе чувствувате како постојано да се извлекувате од секоја лоша ситуација како победници. Денес ќе поседувате особен шарм со чија помош ќе можете да добиете се што сакате. Ќе успеете да ги импресионирате сите околу себе со некоја иновативна идеа.
ВАГА
Доколку имате деца, ќе бидете горди на некој нивен подвиг. Вашите логички способности се зацврстуваат. Останете смирени и приземјени, уживајте во вашето расположение без оглед на тоа што ќе се случува во овој ден.
ШКОРПИЈА
Денес ќе биде особено предизвикувачки ден за вас. Ќе се соочите со тензија и проблеми како и да е тоа нема да ве попречи да ги извршите вашите работни обврски ефикасно. Вашиот приватен живот полека напредува, наскоро очекувајте позитивен пресврт за кој не сте ни сонувале дека може да се случи.
СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден ќе го поминете фантазирајќи. Вашите идеи ќе бидат одлични. Ќе постигнете престиж во вашиот круг на соработници. Луѓето ќе го вреднуваат вашиот труд. Ќе ве следи благослов.
ЈАРЕЦ
Посветете поголемо внимание на вашите мисли. Тоа ќе ви помогне да пронајдете одговори на многу прашања. Постојано ќе бидете на два ума и вашето расположение ќе биде променливо. Тоа ќе создаде ментален стрес. Разговарајте со некој близок за вашата анксиозност. Погрижете се повеќе за своето здравје.
ВОДОЛИЈА
Доколку имате некоја личност со која сте започнале романса, нема повеќе игри, таа личност ве смета за свој идеален пар и сака да биде во стабилна врска со вас. Можно е некој близок да не се согласува со тоа. Останете во позитивно размислување.
РИБИ
Ова е поволен ден за вас. Осветлувајќи го секторот на комуникациите, ќе бидете зафатени во текот на целиот ден при давање и примање информации. Доколку сакате да научите нешто ново, денес е идеален ден.
Здравје и убавина
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето кои се излечиле од рак и потоа продолжиле да трчаат, го продолжиле животот за пет години.
Истражувањата покажуваат дека трчањето ја намалува опасноста од дијабетес и болести на срцето, го намалува стресот и крвниот притисок. Освен тоа, џогирањето му додава години на животот и го поправа квалитетот бидејќи го зајакнува организмот.
Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со оваа физичка активност, ќе живеете подолго од две до шест години. Редовното трчање помага со леснотија да ги решавате сите задачи, ја подобрува концентрацијата, помнењето, виталноста, го подобрува расположението. Истражувањата покажуваат дека оваа физичка активност е ефикасна и при лекувањето на депресија.
Сигурно е и тоа дека на овој начин полесно ќе одржувате витка линија, бидејќи вашите омилени јадења нема така лесно да се лепат на проблематичните делови од телото. Затоа, без оглед на ладното, ветрот и досадниот ноемвриски дожд, облечете патики и започнете со трчањето кое ќе ви го продолжи животот и ќе ви ја разубави фигурата.
/denar
Хороскоп
Хороскоп за сабота (28 јануари)

ОВЕН
Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви се допаѓа личност која веќе некое време ви покажува одредени симпатии. Стабилна здравствена состојба.
БИК
Може да очекувате позитивни пресврти на деловно поле. Пред вас е добар ден во кој ќе дојдете до успех. Многу сте отворени во комуникацијата со личност која ви се допаѓа бидејќи сметате дека таа ја заслужува вистината. Болки во пределот на грбот.
БЛИЗНАЦИ
Пред вас е голема одлука на деловно поле. Можно е во текот на денешниот ден да дојде до некои пресврти. Вашата врска е прилично нестабилна и за да го промените тоа треба да бидете искрени. Проверете крвна слика.
РАК
Ве очекува можност да стекнете нови деловни соработници како и на некој начин да го проширите кругот на соработници. Наскоро ве очекува и нова врска и ќе бидете среќни, задоволни и исполнети. Внимавајте на крвниот притисок.
ЛАВ
Доколку се занимавате со приватен бизнис можен е губиток или некоја штета во текот на денешниот ден. Саканата личност ќе ви ги покаже нејзините искрени емоции. Имате можност да уживате во заедничките убави моменти. Водете сметка за штетните навики.
ДЕВИЦА
Пократко патување би можело да биде многу корисно за вашата работа. Ве очекуваат добри промени на работа. Може да очекувате интересна средба која ќе ви ја разбуди фантазијата и љубопитноста. Внимавајте на синусите.
ВАГА
Ве очекува поволен ден во кој ќе имате можност за остварување на деловните цели. На состанокот со саканата личност ќе сфатите дека таа е подготвена за сериозна врска со вас. Одлично се чувствувате!
ШКОРПИЈА
Доколку сте очекувале започнување на нов бизнис или промени на работно поле, ќе бидете многу задоволни. Можеби не сте подготвени за промените кои ве очекуваат. Пред вас е можност да бирате. Немате проблеми со здравјето.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува можност малку да се одморите бидејќи денес нема да имате премногу обвски. Заљубени сте и сакате односот со саканата личност да напредува. Подготвени сте да дадете сѐ од себе за да ги поправите нештата. Потребен ви е одмор.
ЈАРЕЦ
Воздржани сте кога станува збор за работата, бидејќи сѐ уште не сте сигурни какви чекори треба да направите и дали се исплати. Флертувате со личност која сега ја запознавате и која покажува дека и се допаѓате. Ви годи физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Денешниот ден ќе го искористите за одмор. Работните обврски може да почекаат. Имате пријателски однос со личност која ви се допаѓа и не ви е лесно да ја преминете таа граница помеѓу пријателството и љубовта. Здравјето е во ред.
РИБИ
Пред вас е добар ден на ова поле. Може да се надевате на позитивни околности. Комуникацијата со саканата личност е добра и задоволни сте. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство. Вкочанетост во пределот на грбот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје10 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина15 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот