Временска прогноза
Првични детали за тоа каква есен и кога ни доаѓа грејната сезона во нашите предели

Поради енергетската криза Европа е исправена пред тешка зима. Ова нема да ја одмине Македонија и регионот. Метеорологот Славчо Попоски за Фактор вели дека и во октомври ќе имаме денови со убаво време. Додава дека во согласност со прогнозите, дури кон крајот на октомври ќе имаме потреба од користење на грејни тела и загревање на домовите. За тоа каква зима ќе имаме, и дали ќе се соочиме со поларни температури, уште е рано да се каже. Идниот месец ќе има повеќе детали и попрецизна слика на оваа тема.
„Првични информации за тоа каква зима нè очекува ќе имам некаде во октомври. Инаку оваа есен ќе биде релативно топла и со натпросечно високи температури. Врнежите ќе бидат под просекот, значи очекуваме помалку врнежи од вообичаеното, а заладување на времето барем засега не се очекува, значи некое поголемо заладување на времето нема на видик. Ја разгледував анализата за зимските месеци, но сепак е многу неофицијална и истата укажува на тоа дека зимските месеци ќе бидат натпросечно топли со нешто повисоки температури и просечно количество на врнежи. Сепак и покрај ова можно е да дојде до спуштање на екстремно поларни воздушни маси од Арктикот и истите би условиле екстремно ниски температури на воздухот“, вели Попоски.
Како што објаснува метеорологот, беровскиот регион обично е најстуден, а се случува и битолскиот понекогаш да има доста студено време. Поповски вели дека централните и југоисточните предели на Македонија обично се најтопли. За летото кое е при крај, метеоролгот објаснува дека ќе биде запаметено по тоа што донесе временски непогоди.
– „Временските непогоди често ни се случуваа. Имавме поплави во Тетово и Кавадарци и тие беа најпогодени од невремето. Временските непогоди сè почесто ќе ни се случуваат, тоа треба да се спомне, а температурите беа околу просекот. Значи имаме нормално топло лето и немавме некои премногу големи отстапувања“, рече Попоски.
Оваа зима ќе имаме ново поскапување на цената на струјата. Инаку, властите ги повикаа институциите и граѓаните да штедат електрична енергија, а тврдат дека рестрикции нема да има. Според нив, сите треба да се однесуваме разумно за полесно надминување на енергетската криза. Земјава ќе набавува струја од источниот сосед. Мерки за штедење има и ширум Европа.
Текст: Сања Атанасовска
Медиум: Фактор.мк
Во соработка со Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија.
Денес (вторник 15 јули) во пладневните и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.
Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Кичево1 ден
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија1 ден
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Временска прогноза14 часа
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија1 ден
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица