Спорт
Првиот човек на ФФМ денес ги врачи билетите за ЕП на вработените од клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска им ги врачи билетите за Европското првенство на вработените од клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби кои организирано ќе ги следат натпреварите на Македонија на UEFA EURO 2020.
ФФМ: Нашата „Ќуќа на фудбалот“ веќе им даде предност на здравствените работници кои аплицираа за купување на билети за ЕП преку Федерацијата, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство ќе им овозможи влезници за натпреварите на Македонија на ЕУРО 2020.
Претседателот на ФФМ, г-дин Муамед Сејдини вели дека изминатите речиси две години, едноставно, живеевме во време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно.

„Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста итрудот што го вложуваат за да нѐ заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности”
Габриела Темелковска – главна сестра на Клиниката за Инфективни болести додава дека гестот е голем на ФФМ. Почит од сите нас. Благодарни сме на федерацијата, како и за поддршката која фудбалерите и спортистите ја искажуваа за здравствените работници во изминатиот период.
„Дел од вработените во нашата клиника организирано ќе патуваат во Букурешт и со цело срце ќе ја бодрат македонската репрезентација. Ова е начин и ние да возвратиме на поддршката која нас ни ја даваа фудбалерите во искчлучително тешкиот период за сите.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Хроника1 денЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево7 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево11 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Хороскоп21 часХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија1 ден16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија1 денСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Хроника6 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
