Следете не

Спорт

Првиот човек на ФФМ, заедно со своја делегација на посета кај Џани Инфантино претседателот на ФИФА

Објавено пред

на

ФФМ

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска во Цирих ја прими високата делегација на Фудбалската федерација на Македонија, предводена од претседателот Муамед Сејдини.

Покрај првиот човек на македонскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа генералниот секретар, Наталиа Божиновска Илиевска и Владимир Гашевски, член на Управниот одбор на ФФМ.

Во текот на состанокот на кој присуствуваше и директорот на ФИФА за асоцијации членки на Светската фудбалска организација се разговараше за низа важни фудбалски прашања, можностите што ги нуди програмата ФИФА Forward за поддршка на асоцијациите, како и вложувањата во инфраструктурата и женскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија ги поддржува напорите што ФИФА ги прави за развојот на фудбалот преку процесите што ги постави претседателот Џани Инфантино. Под негово раководство, ФИФА направи значајни чекори напред и инвестира во развојот на фудбалот ширум светот “, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„ФФМ успешно ги користи расположливите средства и разговаравме на кои други начини можеме да работиме со ФИФА за да продолжиме со развој на фудбалот во Македонија. Беше пријатно да се слушнат бројни комплименти за нашата работа и репрезентацијата, а наша обврска е да продолжиме да работиме напорно и да инвестираме за да го оправдаме угледот што ФФМ го ужива во фудбалскиот свет со понатамошни резултати“, додаде Сејдини.

„Заедно со претседателот на светската организација (ФИФА), денес 90% од времето го поминавме зборувајќи за инфраструктура. Без инфраструктура не е можно да се има добар фудбал”. „Помошта што ја добиваме од УЕФА и ФИФА е огромна за нас во Македонија, како мала земја. Тоа е важно не само за нас и за другите помалку развиените земји, тоа е важно за развојот на фудбалот во целина“ – меѓудругото истакна Сејдини

Спорт

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Објавено пред

на

©ФФМ

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.

Избраниците на селекторот Лекиќ одиграа добар натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и остварија сосема заслужена победа над Гибралтар. Давид Тоневски го отвори резултатот на средбата. Марио Јанев зголеми на 2:0. Противникот успеа да ја намали предноста на 2:1, но Марио Јанев со својот втор погодок ја врати предноста од два гола и ги постави конечните 3:1.

Во последното коло од турнирот, Македонија ќе игра со домаќинот Естонија, за јавноста известија од Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина

Објавено пред

на

ФОТО: Масар Омерагиќ

Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор на Национални репрезентации, и лидерот, легенда, дијамантот Елиф Елмас, нашата репрезентативна ѕвезда, на разговор, да споделат и да ја планираат иднината.

Доаѓаат големи работи. 🙌

Напред момци, фудбалот пред сè! 🇲🇰

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија

Објавено пред

на

©porta.mk

ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да ги преземат официјалните документи од Федерацијата и условите од огласот за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија:

Оглас за тренери.pdf 

Оглас за тренери и помошни тренери – Спортска Академија Јануари 2025.doc 

Оглас за физиотерапевти.pdf 

Оглас за физиотерапевти – Спортска Академија Јануари 2025.doc 

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи9 часа

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт12 часа

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

Македонија13 часа

Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија

На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (24 јануари)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Спорт1 ден

(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина

Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор...

Спорт2 дена

ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија

ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да...

Кичево2 дена

Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот...

Lifestyle2 дена

Кремаста супа од компири за студени денови: Брз и вкусен ручек за петмина

Ако обожавате крем супи, оваа брзо подготвена верзија со компири ќе стане редовен дел од вашата трпеза! Еве како да...

Lifestyle2 дена

Здрави навики за исхрана за различни сезони: Како да ја прилагодите вашата исхрана на пролет, лето, есен и зима

Секоја сезона носи свој уникатен сет на промени кои влијаат на нашето тело, расположение и потреби за хранливи материи. Прилагодувањето...

НАЈЧИТАНИ