Македонија
Првиот рурален женски е-пазар кај нас со „Наша тезга“ до наше домашно производство

Првиот рурален женски е-пазар ги отвора своите вирутелни тезги! На секоја од тезгите ќе може да најдете локално произведена здрава, сигурна и безбедна храна и тоа токму произведена од рацете на вредните жени од руралните средини !
Имено, дури 84% од жените во руралните средини имаа негативни ефекти во однос на нивните приходи во текот на Ковид пандемијата. Пазарите беа затворени, луѓето исплашени да купуваат на пазар или во контакт со други луѓе, а семејните земјоделски стопанства беа оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. И токму тука се увиде потребата од изнаоѓање на нов начин на промоција и продажба на локално произведената храна и се роди идејата за првиот рурален виртуелен женски е- пазар која што идеја дојде токму од страна на жените во руралните средини низ теренските посети и разговорите со нив.
Како се развиваше и растеше првиот рурален онлајн женски пазар на земјоделски производи?
Рурална Коалиција која што родовата еднаквост во руралните средини ја смета за стратешки приоритет ја презеде иницијативата за да го креира првиот женски рурален е-пазар како одговор на негативните ефекти на Ковид пандемијата со која што особено во нагорен тренд се движеа онлајн комуникацијата и дигитализацијата на секторот земјоделство и рурален развој. Па водени токму од идејата дека ако не може да се продава на пазарите тоа може да се направи по електронски пат, Рурална Коалиција цела година заедно со своите партнери и поддржувачи како и со самите жени од руралните средини работеше на изградбата на првиот рурален женски е-пазар “Наша тезга“, назив кој што асоцира на наше домашно производство на овошје, зеленчук, млеко, млечни производи, мед итн., и тоа токму од нашето поднебје, а произведено токму од жените.
Низ градењето на платформата се изградија и голем број на меѓусекторски партнерства односно партнерства со бизнис секторот, општините, институциите и тоа во насока на главната цел и кауза под која што се водеше изградбата на пазарот, а тоа е “Никој да не биде изоставен“!
Во исто време со ваквата активност директно се придонесува кон унапредување на социјалната и економска положба на жените во руралните средини меѓутоа исто така се придонесува и кон остварувањето на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации и тоа особено кон целта 2 за нула глад, целта 5 за родова еднаквост и целта 8 која што се однесува на економскиот раст и достоинствена работа за сите! Ова само го покажува значењето на еден ваков пазар, а ја зголемува и вредноста како на работата на жените, така и на нивните производи.
Ваквиот интерактивен пазар со преполни тезги вкусна и локално произведена храна од рацете на нашите жени од руралните средини е единствен затоа што освен тоа што нуди земјоделски производи, ја дава и можноста да се запознаете со животните приказни на жените, но и со традициите на производство кои што сеуште опстојуваат во нашата земја и ја прават поразлична од другите нудејќи скриени приказни со векови кои говорат токму за нашето рурално потекло, за нашата традиција, за нашето производство на храна, храна прочуена надалеку и препознаена насекаде во светот.
Оваа година Меѓународниот ден на жените од руралните средини 15-ти октомври, Обединетите Нации го одбележаа со пораката “Жените од руралните средини произведуваат здрава и безбедна храна за СИТЕ нас!“ што само говори за клучната улога која што ја имаат тие во руралната заедница, а особени нивниот придонес кон создавањето на одржливи рурални заедници.
Како лидерки во средините од каде што тие доаѓаат, а воедно и како членки на “Наша тезга“ низ видео приказна погледнете што жените од руралните средини имаат да кажат и зошто ваквиот е-пазар е значаен за нивна економска, но и социјална инклузија во општеството.
“Наша тезга“ има над 100 жени членки кои што го промовираат домашното производство на храна од сите 8 плански региони, а истата може да се посети на следниот линк ТУКА каде што воедно може и да се купат нивните производи со што пак директно придонесуваме за нивното економско јакнење, придонесуваме да излезат од сенката на невидливоста и неформалната економија, но и го поддржуваме домашното производство на храна.
Видео приказната е изработена со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, а во рамките на проектот “Рурален женски е-пазар“.
Содржината на ова видео е единствена одговорност на Рурална Коалиција и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Владата на Република Македонија
Македонија
Приведен криумчар на мигранти кај Неготино

Денеска (02.06.2023) во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.
По преземени активности во 12.50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени 2 лица мигранти од Сирија.
А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, известуваат од МВР.
Македонија
Дно! Во Охрид со „поло“ удриле велосипедист и избегале

На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР
Македонија
До 3 јуни по осум часа затворен сообраќај на регионален пат 1102, делница Велес-Градско поради изведување градежни активности

Од вчера 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање.
Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, известуваат од АМСМ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 јуни)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (5 јуни)
-
Кичево9 часа
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо
-
Временска прогноза1 ден
Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци
-
Автомобили12 часа
Возите Bugatti и почна да врне? Нема проблем (ВИДЕО)
-
Здравје и убавина1 ден
Газирана вода и митовите за неа..
-
Гејминг12 часа
Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година
-
Магазин12 часа
Во веб-продавницата на Chrome откриени се сомнителни екстензии преземени од 75 милиони корисници