Спорт
Првите луѓе на Фудбалската федерација на Македонија гласаа за нов мандат на Чеферин како прв човек на УЕФА
Во Лисабон се одржува 47. Конгрес на УЕФА на кој присуствува и тричлена делегација на Фудбалската федерација на Македонија. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и потпретседателот, Лазар Ракиџиев заедно со генералниот секретар, Филип Поповски гласаа за нов четиригодишен мандат за Александар Чеферин, како прв човек на УЕФА.
Изборот на Александар Чеферин за претседател на УЕФА со мандат до 2027 година е само една од точките на дневниот ред на 47. Конгрес на УЕФА. Делегатите го усвоија Извештајот на претседателот и Извршниот комитет на УЕФА за периодот 2021/22. како и финансиските извештаи за истиот период.
Во својот говор по добивањето на довербата, Чеферин, кој беше единствениот кандидат, им се заблагодари на делегатите за поддршката. „Ова е голема чест, но истовремено е голема одговорност кон фудбалот“, рече претседателот на УЕФА. Ќе дадам се од себе да не разочарам“.
– „Фудбалот не припаѓа никому, поточно им припаѓа на сите: на играчите, тренерите, судиите, поддржувачите и волонтерите. Никогаш не смееме да заборавиме дека имаме должност да обезбедиме фудбалските интереси да преовладуваат над приватните интереси на неколку привилегирани поединци“, истакна Чеферин.
– „Мораме да продолжиме да работиме заедно, ќе продолжиме да работиме заедно и тоа не само во време на криза, бидејќи самостојното практикување на власта се покажа дека носи само разочарувања. Затоа УЕФА го промени својот пристап. Клубовите и лигите се претставени во нашиот Извршен комитет. Никогаш не смееме да заборавиме дека фудбалот е инклузивен спорт, отворен за секого. Фудбалот постоеше пред да дојдеме, а ќе постои и кога ќе не нема. Но, во меѓувреме, се додека остануваме одговорни за тоа, мораме да дадеме се од себе за да го заштитиме. Да ги заштити играчите. Да ја заштитиме играта“, заврши Чеферин во обраќањето пред присутните делегати на Конгресот во Лисабон.
На 47. Конгрес во главниот град на Португалија, челниците на ФФМ, предводени од претседателот Сејдини имаа низа одвоени состаноци со високи претставници на УЕФА и билатерални средби со преставниците на останатите национални асоцијации.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (29 октомври)
-
Македонија17 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија14 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Магазин2 денаИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Lifestyle2 денаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин2 денаWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
-
Хороскоп5 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
