Следете не

Спорт

Раководството на ФФМ беше дел од состанокот на првите луѓе од УЕФА, нашиот спорт треба да остане неутрален без политички влијанија врз фудбалот

Објавено пред

на

©ФФМ

Раководството на УЕФА предводено од Александар Чеферин (претседател на УЕФА), Теодор Теодоридис (генерален секретар на УЕФА) и Зоран Лаковиќ (директор за Национални асоцијации во УЕФА), во француски Кан, организираше состаноксо Претседателите и Генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска Асоцијација.

Фудбалската федерација на Македонија беше претставуванаод претседателот Муамед Сејдинии и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска. Состанокот се одвиваше во рамки на ТЕП која од 2005 година ги обединува претседателите и генералните секретари на членките на УЕФА со Раководството на УЕФА

На заедничката работилница се дискутираше за новостите во фудбалот на националнитетимови, вклучувајќи го и неодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата Хеттрик. На тема клупски фудбал се разговараше за новиот формат на клупските натпреварувањаираспределбата на средствата. Раководните луѓе на УЕФА со колегите од асоцијациите – членки дискутираа изакандидатите за организација на иднитесветски првенства ,Шпанија, Мароко и Португалија во 2030 година и Саудиска Арабија во 2034 година.

Во рамки на работниот дел од состаноците се одржаа две одделни работилници – на првата се разговараше за односите на УЕФА соклучните чинители, а на втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.

Главните размислувања на темата за влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот ​​се ризикува да се создадат поделби таму каде што не би требало да има, претворајќи го фудбалот во политичка алатка. Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди, за јавноста истакна Фудбалската федерација на Македонија.

Спорт

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.

По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.

1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1

Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.

Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ

1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.

Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!

Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.

🏆 Рибник-Добреноец

🥈 Роденденски Пињати-Кичево

🥉 Клас МК Брод

Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).

Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.

Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.

Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.

Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.

Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.

Честито Ноле!

Прочитај повеќе...

Спорт

За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување.

Турнирот пред присутните свечено го отвори претседателот на ЗРР “Иванден-Староец”, г-дин Владо Симјановски кој посака топло добредојде на сите жители, гости, спортисти и пријатели.

Со особена чест и голема радост ве поздравувам и ви посакувам топло добредојде на денешниот настан – традиционалниот турнир во мал фудбал, организиран по повод големиот празник – раѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден.

Овој ден има особено значење за нашето село и нашата заедница. Иванден не е само религиозен празник, туку симбол на духовна обнова, заедништво, традиција. Токму затоа, овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се собереме, да се поврземе и да го одбележиме празникот со младешка енергија, фер игра и дружење.

Голема благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и спонзори кои го направија овој турнир можен. Ви посакувам фер и борбена игра, исполнета со спортски дух, пријателство и почит. А на гледачите – да уживаат во добар фудбал и празничната атмосфера.

Нека Иванден ни донесе здравје, мир, благосостојба и уште многу вакви заеднички собири во иднина.

Нека ни е честит празникот и нека биде успешен турнирот, заврши Симјановски, така што пред турнирот да биде официјално отворен, беше оддадено едноминутно молчење, во знак на почит за прерано починатото момче, во трагична сообраќајка – Димитар Трајчевски кој влече корени од селото.

Ова се денешните резултати:

  • Пунџа Слобода – Клас Македоски Брод резултат 1:2
  • Мајстори 1 – Рибник Добреноец резултат 1:3
  • Кај Кумот-Кафе Фрст Македонски Брод резултат 6:2
  • Напредок-Роденденски Пињати резултат 0:3

Утре (понеделник) фудбалскиот турнир влегува во својата финална завршница, каде со старт од 16:00ч присутните ќе можат да уживаат во прекрасната природа, вкусна храна и ладен пијалок.

Распоред на натпревари:

1.Староец-Рибник Добреноец (прв меч)

За полуфинална борба:

1.Клас Македонски Брод
2.Рибник Добреноец
3.Кај Кумот
4.Роденденски Пињати
5.Староец

Спортски поздрав, се гледаме таму!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија16 часа

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се...

Скопје17 часа

Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници...

Македонија20 часа

(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази...

Магазин23 часа

Овој скриен режим го забавува вашиот Android телефон – еве како да го исклучите и повторно да добиете брзина

Ако вашиот телефон стана бавен преку ноќ – апликациите се отвораат бавно, скролувањето „шкрипи“, а екранот реагира со доцнење –...

Магазин23 часа

YouTube најавува построги мерки против видеа генерирани со помош на вештачка интелигенција

YouTube се подготвува да ги ажурира своите правила за да ја ограничи можноста на креаторите да монетизираат „неавтентична“ содржина –...

Кичево1 ден

Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и...

Македонија1 ден

ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден

Овој извештај покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (10 јули)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

НАЈЧИТАНИ