Кичево
Распоред за „Водици 2023“ Кичево, познато времето на литијата и самата манифестација

Преку нашиот медиум ексклузивно ве известуваме дека големиот празник „Богојавление Водици“ во Кичево ќе биде пропратен со Утрена Богослужба и Света Божествена Литургија, како и на самиот ден ќе има богата програма за празничната литија и спуштањето на Светиот Крст во водите на кичевскиот базен на старо-познатата локација во дворот на поранешниот Дом на АРМ.
Апел до сите кои сакаат, имаат желба и се подготвени да скокаат по животворниот Крст во осветените води, најпрво да се пријават во градскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ и да земат учество во Литургијата.
Распоредот на 19.01.2023 (четврток) е следен:
- Утрена Богослужба во 07:30ч
- Света Божествена Литургија во 08:30ч
- Тргнување кон градскиот базен во 10:00ч
- Пристигнување и осветување на водите 10:30ч
Сите кои сакаат да бидат дел и да ја проследат оваа вековна манифестација најдобро е да бидат присутни најкасно до 09:45 часот, бидејќи очекуваме оваа година да имаме голем број на верници кои ќе сакаат да бидат присутни.
Вечна традиција!
Бог се јави!
Ланско видео:
Кичево
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале вкупно 87 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-32, Кичево-37, Дебар-01).
Против нив се поднесени соодветни платни налози.
Известуваат од МВР.
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Свет14 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (9 февруари)
-
Магазин2 дена
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео14 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин2 дена
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици
-
Свет2 дена
SpaceX ќе се обиде да го лансира Starship во март
-
Свет1 ден
Бројот на жртви не запира, денеска надмина 6,200 луѓе, додека спасувачите и покрај лошите временски услови се обидуваат да извадат живи луѓе..