Спорт
Реализиран „Летен камп“ за млади фудбалерки во Нов Дојран

Во периодот од 20 до 27 мај во Нов Дојран се реализита летен камп за млади фудбалерки родени 2007, 2008 и 2009 година.
На самиот камп учество земаа околу 40 талентирани девојчиња од цела Македонија кои се активни фубалерки во своите клубови. Целта на овој проект е да се едуцираат и селектираат млади девојки што го сакаат фудбалот.
Се одржуваат по два тренинга дневно, а со младите фудбалерки работат лиценцирани тренери и професори по физичко образование: Катерина Милевска, Бојана Танова, Александра Ристовска , Станкица Аранасова, Јовица Блажевски и Росица Коатова.
Координатор на овој проект е Добре Димовски, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија.
Спорт
ФФМ ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите

Фудбалската федерација на Македонија ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите (ВАР), преку детална комуникациска стратегија насочена кон медиумите и јавноста.
Во рамките на оваа фаза, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија одржана е едукативна и информативна презентација, со цел да се создаде јасна, прецизна и објективна слика за функцијата и значењето на примената на ВАР во македонскиот фудбал.
Клучни цели од оваа комуникациска фаза се:
– Информирање за активностите поврзани со имплементацијата на ВАР, обуките на судиите и техничката логистика.
– Едукација на медиумите и јавноста за основните принципи и философија на ВАР – што е ВАР, кога и како се користи и кои се неговите ограничувања.
– Подобрување на медиумското известување, со цел да се намали ширењето на неточни или конфузни информации и да се воведе стандардизирана терминологија во известувањето.
– Градење доверба и транспарентност, преку отворена комуникација и јасно прикажување на улогите и процесите поврзани со ВАР.
Повеќе прочитајте во продолжение, на официјалниот натпис од Фудбалската федерација на Македонија – ТУКА
Спорт
(ФОТО) Фудбалерите на „ФК Кичево“ – Матески и Димоски денес дебитираа за националниот дрес на мечот Македонија – Словенија до 14 години

Репрезентацијата на Македонија до 14 години во рамки на денешниот ден беше поразена од соодветната селекција на Словенија со резултат од 1:3, во првата контролна средба одиграна на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
За нашата репрезентација во првиот тим настапија: Марио Стојковски, Давид Рамадан, Филип Богоевски, Давор Таневски, Дин Розојац, Калин Аврамовски, Борис Матески, Дин Баталовски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири, Огнен Божиновски
– Важно за нас како кичевчани е тоа што на денешниот натпревар настапија двајца членови на нашиот фудбалски клуб „ФК Кичево“. Во почетниот состав беше нашиот капитен Борис Матески, додека во вториот дел од натпревар шанса доби и вториот наш фудбалер Павел Димоски, така што оваа прилика ја користиме да им честитаме за одличната игра и деби во националниот состав и да им посакаме повеќе среќа во вториот контролен меч со истата репрезентација на (15 мај) четврток, закажан од 11:00ч на стадионот „Петар Милошевски“
Галерија преку нашиот објектив:
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
-
Кичево9 часа
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (15 мај)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (16 мај)
-
Кичево1 ден
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!
-
Македонија1 ден
Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена
-
Скопје1 ден
МВР со детали во врска со информацијата за поставена бомба во салата Јане Сандански
-
Временска прогноза12 часа
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации