Спорт
Реализиран УЕФА семинар за женски судии „теории од правила во фудбалската игра“
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше женски судиски семинар (теорија од правила на фудбалската игра). Семинарот беше одржан во Хотел Хилтон. Предавач и инструктор на семинарот беше членот на судискиот одбор на Уефа, а воедно и одговорна за женските судии во Европа, Дагмар Дамкова од Чешка.

Женските македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои се користат и се применуваат на меѓународните натпреварувања под капата на Уефа.
Фудбалската федерација на Македонија за првпат организираше семинар за нашите женски судии.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево21 часСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза20 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево15 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
