Спорт
Реализирана еднодневна судиска работилница и тренинг камп заедно со славниот судија од Холандија – Бјорн Кујперс

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со УЕФА, а на покана на претседателот на судиската комисија во рамки на ФФМ, Димитар Мечкаровски, организираше еднодневна судиска работилница и тренинг камп.
Вкупно 52 наши судии беа дел од семинарот и имаа исклучителна можност да го следат предавањето на влијателниот член на судиската организација на УЕФА и поранешен судија, Бјорн Кујперс, како и тренинг експертот за елитни фудбалски судии во УЕФА, професорот Вернер Хелсен.
Важниот настан за судиите во Македонија со поздравен говор го отвори генералната серетарка на Фудбалската федерација на Македонија, Наталиа Илиевска Божиновска.
– Среќни сме за укажаната можност заедно со судиската организација на ФФМ да ја организираме оваа работилница. Убедена сум дека претставува одлична прилика вашите знаења да ги проширите преку предвидениот теоретски и практичен дел. Уште повеќе што имате неповторлива можност да побарате стручно мислење од имиња кои оставиле траен белег во европскиот фудбал. Верувам дека тоа ќе биде од корист за сите нас.
– За нас е важен и фактот што УЕФА дава безусловна поддршка на Фудбалската федерација на Македонија, а тоа придонесува и за континуиран напредок на нашите судии. Имаме федерација која секојдневно се грижи за развој на македонскиот фудбал и се стреми кон нови успеси. Меѓутоа, исто така знаеме дека тоа нема да го постигнеме без посветен пристап на секој поединец вклучен во работата на Куќата на фудбалот, вклучително и фудбалските судии како нераскинлив дел од фудбалската игра. Успехот на нашите судии во домашни и меѓународни рамки претставува гордост на Федерацијата. Од мое и од име на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини благодарност за вашиот придонес и за професионалниот пристап.
На судиски семинар што се одржи во х. „Хилтон“, нашите судии детално ги елаборираа правилата на фудбалската игра, начинот на судење и подобрување на носењето одлуки во спорни моменти од натпреварите.
На овој семинар, свое теоретско предавање во врска со физичките норми кои треба да ги исполнуваат судииите одржа и главниот кондициски тренер и тренинг експерт на УЕФА, Вернер Хелсен.
Исто така беше одржан и тренинг камп на кој беа претставени најновите методи и технологии за тренинг. На тренинг кампот беше ставен и акцент на правилното носење на судиски одлуки, гледајќи ситуации преку ВАР системот.
Димитар Мечкаровски, претседател на судиската комисија на ФФМ
– За нашите судии овој семинар е од голема важност и претставува одлична можност подобро да се запознаеме со светска судиска величина како што е Бјорн Кујперс. Знаењето што ќе го споделува Бјорн Кујперс е од голема важност за нашите судии, за подобрување на нивната кариера и стекнување на поголемо знаење и самодоверба.
– Од име на Судиската организација сакам да се заблагодарам на претседателот и Управниот одбор на ФФМ што направија големи напори за да успееме да го организираме овој семинар, овозможувајќи им на судиите да научат многу од споделеното искуство на големо судиско име. Нашата соработка со Бјорн е одлична и од голема важност е што имаме прилика да биде наш предавач и во иднина.
– За нас е важно да напоменеме дека судиската организација на ФФМ минатата сезона имаше значајно успешна година. На нашите семинарии учество и предавања имаа многу влијателни луѓе како Вернер Хелсен, главниот фитнес тренер на судиите, Дагмар Дамкова, главна на женските судии и член на судиската организација на УЕФА и Педро Галан, главен и одговорен за футсал судиите на УЕФА.
– Ќе продолжиме на тој начин, со многу вложување и напорна работа се со цел да обезбедиме и да донесеме што е можно повеќе звучни имиња, кои се дел од судискиот одбор на УЕФА.
– Генерално судењето во Македонија бележи напредок, но секогаш може подобро. Посветеноста, одлучноста, желбата за напредок е очигледна кај нашите судии. Како претседател на судиската комисија можам да кажам дека ги имаме едни од најдобрите судии во Европа со исклучок на поголемите земји како Италија, Германија, Шпанија. Судиите во Македонија работат по европски терк. Тренизните што ги добиваат од фитнес тренерот Сашо Даневски, кој воедно е еден од соработниците на Вернер, се истите со кои се подготвуваат европските судии. Поради овој начин на тренинг и работа се бележи огромен напредок на нашите судии во поглед на физичката подготвеност.
Исто така и работилниците што ги организираме за правилата на фудбалската игра се во тесна соработка и координација со Уефа семинарите.
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево7 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника13 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот