Спорт
Реализирана „Судиска анализа“ на натпреварите од првото коло во првата македонска фудбалска лига, ова се констатациите од натпреварите

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Струга Трим Лум – Фк.Победа одигран на 06.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 3, 15 и 52 минута.
“Главен судија”: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на Победа, играч од нападот на Струга беше во посед на топка странично од голот на Победа и со грб свртен према голот. На него стартуваше играч од одбраната на Победа туркајки го играчот од нападот на Струга, оваа ситуација е во граница на судиското убедување, интензитетот не беше многу јак и и напаѓечот беше со грб свртен спрема голот, близу близу гол-аут линијата. Се поддржува одлуката на главниот судија играта да продолжи, контактот и ситуацијата беше недоволен за удар од 11 метри.
15. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во шеснаесетникот (петерецот) на Победа , топката го удри одбранбениот играч на Победа во телото(колкот) а рацете му беа во природна положба. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри.
52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Победа беше во посед на топка и во напад пред самата линија на 16 сетникот на Струга, до него беше и играч од одбраната на Струга и со туркање рамо со рамо(ремплање) му ја одзема топката без прекршок.Исправна одлука на судијата играта да продолжи, дуелот беше коректен без елементи за досудувањепрекршок.
На натпреварот Фк.Силекс – Фк. Работнички одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90+2 минута
“Главенсудија: Јован Качевски. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски.
90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Силекс ја имаше топката во свој посед во 16 – сетникот на Работнички, и пред да шутира кон голот, на него стартуваше со интензитет од позади грб (туркање) играч од одбраната на Работнички. Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за туркање, и дисциплинска мерка жолт картон.
На натпреварот Фк.Академија Пандев – Фк. Брегалница одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 16 минута
“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
16 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( НЕ досудено офсајд позиција)
Центрирана топка од слободен удар за екипата на Академија во 16 сетникот на Брегалница, во момент на центаршутот играч од нападот на Академија и играч од одбраната на Брегалница беа во линија, топката дојде до играчот од нападот и постигна гол.
Многу тешка ситуација и исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи.Голот е регуларен.
На останатите мечеви од 1 МФЛ следи анализа по одигравањето на натпреварите.немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија4 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете