Lifestyle
Рецепт: Топло какао со кикирики

Напиток кој ќе ве стопли во дождливите есенски денови.
Состојки:
(за 2 лица)
– 500 мл млеко
– 2 лажици какао
– 1 ванилин шеќер
– 60 гр млечна чоколада
– 2 лажички путер од кикирики
– шлаг, парчиња чоколадо и кикирики
Подготовка:
Истурете го млекото во сад и ставете го на шпорет, додадете ги какаото, ванилиниот шеќер и млечното чоколадо.
Оставете да зоврие и оставете го чоколадото да се растопи. Извадете го од шпорет и измешајте го путерот од кикирики, не мора целосно да се стопи, слободно оставете ги парчињата. Истурете во чаши и декорирајте со шлаг, парчиња чоколадо и кикирики.
Наздравје.
/n1info/
Lifestyle
Моторџиите и оваа година ќе го одбележат 8-ми септември ден на „Независноста на Македонија“ по триесет и првиот пат со мото турнеа

Единствен настан кој излезе поотпорен од пандемијата е мото релито во честа на „Независноста на Македонија“ кој не престана да се одржува од осамостојувањето. Оваа година по триесет и прв пат ќе се одржи релито со старт на плоштадот Македонија во Скопје, а трасата кој ќе ве води низ нашите градови ќе се извози во 3 етапи, односно во 3 дена по следниот распоред:
Почеток во 10 часот од Плоштадот Македонија во Скопје (02.09.2022)
Ден 1: Скопје – Куманово – Свети Николе – Кочани пауза, Доручек-Виница – Берово – Струмица пауза за освежување – Дојран – Ноќевање. Вечера 20.00ч на плажа “Стејџ” каде ќе има организирана забава
Ден 2: Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци – пауза освежување – Прилеп – Битола – Ресен – Охрид – Ноќевање. Вечера во ресторан Бонанца до Хотел Силекс Охрид во 20.00 час.
Ден 3: Охрид – Кичево пауза освежување – Стража – Тетово – Скопје
Финиш во Скопје пред Спортска сала Борис Трајковски.
Котизацијата за учество во настанот изнесува 1.200 денари за возачот и 1.000 денари за совозач доколку го има. Пријавувањето е најдоцна до 26-ти август на следната сметка или во просториите на Федерацијата:
Жиро сметка: 210-0629307701-96
Назнака: Котизација за Рели Македонија 2020
Мотоциклистичка Федерација на Македонија
Банка: НЛБ Тутунска Банка Скопје.
Порта.мк ќе учествува на турнеата, така што заедно со Мотори ќе го покриваат настанот со убави фотографии!
Повеќе инфо: ТУКА
Lifestyle
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место помеѓу своите кичевчани кои секогаш ја даваат безрезервната поддршка на секој негов настап или концерт.
„Ја излези Ѓурѓо“ во живо и мал дел од атмосферата помината викендов во кичевскиот „Институт“
Lifestyle
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!

Теа Таировиќ распали со знамето и нашата безременска „Македонско девојче“
p.s. По социјалните мрежи коментираат Теа простено тие за песната отпеана кај соседите која крена бура од оправдани реакции
Видео: ТУКА
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Да му помогнеме на семејството Митески од Кичево да го возобнови домот кој изгоре до темел во страшен пожар, трагедија која го потресе градот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 август)
-
Хороскоп16 часа
Дневен Хороскоп (17 август) – среда
-
Македонија9 часа
По речиси три месеци од денес авто-плинот со драстично намалена цена за литар
-
Скопје20 часа
Лишена од слобода жената која денес одзеде дете во Скопје, по брза постапка ќе и се суди пред надлежен судија
-
Временска прогноза20 часа
На повидок нов топлотен бран, температури некаде и до 40 степени – ова се најновите метео информации
-
Магазин5 часа
Apple го наоѓа својот следен голем бизнис: прикажување реклами на вашиот iPhone
-
Балкан23 часа
На „Прешево“ се чека околу 40 минути, додека за товарните возила најдолго се чека на излез од Србија кон Унгарија