Кичево
Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници чекаа да се поклонат на Чудотворната икона на Мајката Божја, наречена Крнинска, дури и неколку дена по празникот.
Според сведоштвата на многумина, Пречистата Дева Марија, со својата огромна Божествена благодат, твори многу чудеса и исцеленија преку нејзиниот пречистански образ.
Пред три години, древната чудотворна икона на Пречистата Богомајка – Крнинска, го доби својот достоинствен украс – рачно изрезбан и позлатен иконостас. Ова прекрасно ремек-дело е изработено од копаничарот Слободан Димитровски од Штип, а позлатено од рацете на монасите и монахињите од нашите свети обители.
Изработката траеше неколку месеци и со помош на Пресвета Богородица се заврши токму во пресрет на празникот на нејзиното Рождество, којшто, воедно, е наша главна манастирска слава. Резбаната целивална е подарок за Пречистата од нашата монашка заедница, од благодарност за нејзините непрестајни мајчински молитви и грижа кон нас, најмалите и недостојните, како и за нејзината цврста поткрепа во монашкиот подвиг.
Пред чудотворната икона, исто така, пет сребрени кандила поставени на месингова украсна гранка.
Според преданието, Крнинската чудотворна икона се јавила на источникот со вода што денес се наоѓа во самиот храм, означувајќи го местото каде што Пречистата благоволила да ѝ се издигне манастир. За древноста на оваа икона сведочи и натписот што ни го оставил познатиот наш иконописец од времето на Преродбата, Дичо Зограф од с. Тресонче.
Имено, тој 1865 година, во времето на игуменот архимандрит Хаџи-Симеон, ја обновил веќе потемнетата двообразна икона на Спасителот Христос и Мајката Божја и го запишал тоа. Во 2017 година, Крнинската икона беше украсена и со прекрасна сребрена кошула, со позлатени елементи, бисери и драгоцени камења, според праксата во православната Црква иконите да се украсуваат на овој начин, но и да се заштитуваат од надворешните влијанија.
Пресвета Богородица преку оваа своја икона твори многу чуда и исцеленија, за слава Божја, поткрепа на верните и вразумување на неверните.
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево2 дена
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево16 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево13 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп5 часа
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места