Занимливости
Рекорден профит на Нинтендо, но за сѐ е одговорен најпознатиот водоинсталатер во светот
Профитот на Нинтендо во претходната година се искачи на рекордни 490,60 милијарди јапонски јени или приближно 2,9 милијарди евра. Ова е пораст од 13,4%, објави во вчерашниот извештај јапонскиот производител на видео игри.
Според извештаите, рекордната заработка е првенствено резултат на успешниот филм „The Super Mario Bros. Movie“ и слабиот курс на јенот во однос на доларот и другите светски валути, пренесува агенцијата Kyodo.
Приходите на Nintendo се зголемија за 4,4 отсто на 1,67 трилиони јени во истиот период, благодарение на големата продажба на видео играта The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom и насловите поврзани со франшизата Super Mario.
„The Super Mario Bros. Movie“ беше прикажан во кината во април 2023 година и стана вториот анимиран филм со најголема заработка во историјата, благодарение на што продажбата на Nintendo во одредени оддели се зголеми за 81,6 отсто.
Вкупната продажба на конзолите на Nintendo’s Switch, кои се на пазарот веќе седум години, падна за 12,6 отсто во изминатата фискална година. Компанијата, исто така, рече дека ќе отвори музеј на Нинтендо во јапонската префектура Кјото оваа есен за да ја зголеми базата на обожаватели, пренесува b92.net
Занимливости
Во месец септември астероид ќе помине блиску до Земјата, истиот повторно ќе помине по 10 години
Жителите на северната хемисфера ќе можат да го видат астероидот 2024 „ON“ овој месец додека поминува покрај Земјата на астрономски блиско растојание, но безбедно. Астероидот е широк околу 220 метри, а за време на неговото поминување ќе биде оддалечен од Земјата нешто помалку од 100.000 километри, што е приближно 2,6 пати поголемо од растојанието помеѓу нашата планета и Месечината, објави платформата на проектот „Виртуелен телескоп“преку Јорк Пост.
Како што е наведено, овој астероид поминува покрај Земјата на ова растојание на секои 10 години.
Занимливости
(ВИДЕО) Уште еден доказ колку се битни безбедносните појаси во возилата во случај на сообраќајни несреќи
Уште еден доказ дека безбедносните појаси се исклучително важни во случај на сообраќајни незгоди и превртување е видеото од сообраќајната несреќа што е создадено благодарение на камерата во возилото.
На видеото се гледаат возачот (со појас) и сопатникот (неповрзан). Кога возилото се превртело, возачот останал да седи додека патникот на својата кожа ги почувствувал основните закони на физиката.
Accidente visto desde el interior pic.twitter.com/90zG2p4QR7
— Solo Accidentes (@Soloaccidentes_) September 1, 2023
/b92.net
Занимливости
(ВИДЕО) Багерист прави чуда со „корпата“, ова дефинитивно не го може секој!
Овој багерист дефинитивно не е од оваа планета…. Погледнете го видеото и проценете сами, а тие што се возачи на ваква машина знаат за колку тешка работа станува збор…
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за четврток (19 септември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 септември)
-
Македонија3 часа
РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство
-
Кичево5 часа
(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’
-
Lifestyle10 часа
Експертите потврдија: Ова е официјално најздравиот зеленчук во светот
-
Магазин1 ден
Дали користите инкогнито? Може да ви се случи оваа чудна ситуација
-
Спорт1 ден
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа во одлична игра на предводниците на Исени
-
Автомобили9 часа
Најчестите причини зошто автомобилот троши повеќе гориво