Македонија
Рекордот соборен, за жал денес 50 починати и 1.320 нови случаи на Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 580
-Битола 113
-Куманово 75
-Прилеп 59
-Велес 50
-Охрид 43
-Кавадарци 41
-Тетово 38
-Гостивар 36
-Струмица 32
-Штип 31
-Кочани 30
-Гевгелија 27
-Ресен 24
-Кичево 22
-Радовиш 14
-Струга 13
-Берово 12
-Неготино 10
-Крива Паланка и Валандово по 9
-Виница 8
-Богданци 7
-Делчево 6
-Свети Николе и Македонски Брод по 5
-Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар по 4
-Крушево 3
-Кратово и Пехчево по 1
Пријавени се вкупно 50 починати лица: 19 од Скопје (95г,92г,86г,84г,81г,80г,80г,78г,76г,75г,73г,73г,70г,70г,68г,62г,61г,60г,58г), 4 од Кичево (63г,62г,56г,53г), по 3 пациенти од Куманово (74г,74г,56г), Битола (73г,69г,55г), и Штип (82г,67г,53г), по 2 од Прилеп (82г,53г), Велес (77г,70г), Струмица (84г,74г) , Кочани (66г,63г) и Крива Паланка (77г,53г), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г).
Регистрирани се 457 оздравен пациент од:
-Скопје 133
-Прилеп 46
-Кавадарци 35
-Куманово 34
-Велес 22
-Гостивар 20
-Штип 19
-Тетово и Неготино по 18
-Битола, Гевгелија и Струмица по 15
-Кочани 12
-Кичево 8
-Свети Николе 7
-Берово 6
-Радовиш и Пробиштип по 5
-Ресен, Делчево и Виница по 4
-Валандово 3
-Крива Паланка, Демир Капија и Македонски Брод по 2
-Охрид, Кратово и Демир Хисар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Кичево15 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина16 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
