Спорт
Реми за Работнички и Струга ТЛ, како и за Шкендија и Академија Пандев

Лидерот Струга Трим Лум го чува врвот, но само со реми (1-1) против Работнички во Скопје. Сепак, и Шкендија ремизираше 1-1 против Академија Пандев на домашен терен во Тетово.
Николче Шаркоски донесе предност за „романтичарите“ со удар со глава во 68.минута, но четири минути подоцна израмни Буњамин Шабани, кој во првиот дел го погоди и дирекот.
Љупчо Дориев во деветтата минута обезбеди водство за Шкендија на дуелот во Тетово, но Академија Пандев сепак успеа да израмни во вториот дел Преку Марко Ѓорѓиевски. Во судиското продолжение црвен картон заработи Билали, откако скандалозно шутираше противнички играч.
Брегалница ја доби пресметката со Тиквеш со 2-1. Милан Ѓокиќ во четвртата минута обезбеди предност за штипјани, а Љупчо Кудев зголеми на 2-0 во 53.минута. До крајот, Тиквеш успеа да намали со голот на Мишов, но бодовите останаа во Штип.
Македонија ЃП славеше со 1-3 на гости против Победа во Прилеп. Абази отвори за „лавовите“, но израмни Ѓурковиќ. Во 59.минута, Емир Скендери повторно ја донесе Македонија ЃП во водство, а Алексовски го потврди триумфот на гостите.
Вчера, Скопје и Силекс ремизираа без голови.
Извор/Видео: makfudbal.mk (Лидери за македонски спорт)
Спорт
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“

Германската фудбалска лига (DFL) воведува важни новини во начинот на користење на ВАР технологијата за претстојната сезона. Почнувајќи од 22 август, судиите во Бундеслигата ќе ги соопштуваат причините за сите ВАР одлуки јавно пред публиката. Истата практика ќе започне и во Втората лига од 17 октомври.
Дополнително, гледачите на стадионите и преку телевизија ќе добијат пристап до повеќе информации, вклучувајќи и снимки направени со камери поставени на телото на судиите. Оваа технологија, која досега се користеше само на ФИФА натпревари, сега е одобрена од Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) и може да се користи и на домашни лиги ако организаторите го побараат тоа.
Со овие новини, судиите во Бундеслигата ќе ги објаснуваат своите одлуки директно пред публиката по консултација со ВАР и преглед на снимките, овозможувајќи поголема транспарентност и разбирање на судиските интервенции.
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
-
Кичево14 часа
(ГАЛЕРИЈА) Музичките имиња од Кичево го исполнија плоштадот до последно место, во првата музичка манифестација, вечерва финале од дводневниот спектакл „Кичевчани пеат за Кичево“
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите
-
Кичево1 ден
Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (31 јули)
-
Хороскоп17 часа
Месечен Хороскоп (август)
-
Спорт2 дена
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“