Следете не

Спорт

Реми за Работнички и Струга ТЛ, како и за Шкендија и Академија Пандев

Објавено пред

на

printscreen/video

Лидерот Струга Трим Лум го чува врвот, но само со реми (1-1) против Работнички во Скопје. Сепак, и Шкендија ремизираше 1-1 против Академија Пандев на домашен терен во Тетово.

Николче Шаркоски донесе предност за „романтичарите“ со удар со глава во 68.минута, но четири минути подоцна израмни Буњамин Шабани, кој во првиот дел го погоди и дирекот.

Љупчо Дориев во деветтата минута обезбеди водство за Шкендија на дуелот во Тетово, но Академија Пандев сепак успеа да израмни во вториот дел Преку Марко Ѓорѓиевски. Во судиското продолжение црвен картон заработи Билали, откако скандалозно шутираше противнички играч.

Брегалница ја доби пресметката со Тиквеш со 2-1. Милан Ѓокиќ во четвртата минута обезбеди предност за штипјани, а Љупчо Кудев зголеми на 2-0 во 53.минута. До крајот, Тиквеш успеа да намали со голот на Мишов, но бодовите останаа во Штип.

Македонија ЃП славеше со 1-3 на гости против Победа во Прилеп. Абази отвори за „лавовите“, но израмни Ѓурковиќ. Во 59.минута, Емир Скендери повторно ја донесе Македонија ЃП во водство, а Алексовски го потврди триумфот на гостите.

Вчера, Скопје и Силекс ремизираа без голови.

Извор/Видео: makfudbal.mk (Лидери за македонски спорт)

Спорт

(ФОТО) Реализиран фестивал за девојчиња во четири градови под мотото „Ајде на фудбал“, со цел популаризација и развој на женскиот фудбал кај нас

Објавено пред

на

©ФФМ

ФФМ во соработка со општинските фудбалски сојузи во периодот од 21 до 25 ноември организираше фудбалски фестивал за девојчиња до 14 години под мотото „Ајде на фудбал“ во Кочани, Тетово, Струга и Битола.

На фудбалските фестивали учество земаа над 300 девојчиња од младинските школи на женските фудбалски клубови и основните училишта од градовите домаќини. Фудбалската федерација на Македонија за сите учесници на фудбалскиот фестивал обезбеди комплет фудбалска опрема.

Фудбалските фестивали ќе продолжат да се организираат и во иднина низ сите градови, со цел популаризација и развој на женскиот фудбал во нашата земја. Фудбалската федерација на Македонија е максимално посветена на зајакнување на сите жени и девојки кои живеат во Македонија да се занимаваат со фудбал, да ги следат своите соништа и да го исполнат својот потенцијал.

Галерија од настанот:

Прочитај повеќе...

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија со финансиска поддршка за сите прволигашки тимови од Првата женска фудбалска лига

Објавено пред

на

Во „Куќа на фудбалот“, раководството на Фудбалската федерација на Македонија, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски и неговиот заменик Дрилон Ганиу, оддржаа состанок со претставници на сите клубови од Првата женска фудбалска лига.

Работната средба со претставниците на клубовите ја отвори потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев, а генералниот секеретар, Филип Поповски им ја претстави на клубовите процедурата која се однесува на Правилникот за лиценцирање и соодветните спортски, инфраструктурни, административни, правни и финансиски критериуми кои клубовите треба да ги исполнат за да можат да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА.

Генералниот секретар на ФФМ, исто така, пред претставниците на клубовите го претстави процесот на лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија и органите на ФФМ кои учествуваат во лиценцирањето, како и најважните критериуми од новиот Правилник за лиценцирање клубови.

Клубовите треба да исполнат еден или повеќе од наведените критериуми за да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА во висина од 10.000 Евра добиени од телевизиските права од женската Лига на шампиони.

„Имаме очигледна потреба да создадеме посериозна база на женскиот фудбал и затоа го засиливме оперативниот дел од нашата работа со клупска обврска за исполнување на барем еден од важните критериуми кои ги посочуваме. Резултатите од претходните години покажуваат благ напредок, но мора да продолжиме со развојот и овие промени во процесот на лиценцирање се чекор во таа насока“.

„Развојот на женскиот фудбал не треба да се потпира на краткорочна добивка, туку на долгорочна визија. Благодарение на солидарните фондови кои се основата на овој тип на проекти, но и на зголемениот награден фонд, секое евро генерирано од женската Лига на шампионите ќе се врати уште повеќе во женскиот фудбал. Наша цел е клубовите на вистински начин да го сфатат тоа и се разбира, заедно со федерацијата да работат на подобрување на условите во женскиот фудбал“, изјави Филип Поповски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Судиска анализа за прва и втора македонска фудбалска лига, на мечевите од 16, односно 13-то коло

Објавено пред

на

Судиска комисија вчера ги разгледа и ги истакна спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Силекс – ФК Струга Трим Лум одигран на 26.11.2022 година, анализирани се ситуациите од  9, 20 83 и 90+2минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

9 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите  беше во посед на топката  во шеснаесетникот на домакините, играш од одбраната на домаќините го повлече со раце играчот од нападот на гостите спречувајки го во нападот и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домакините за недозволен старт (влечење).

20 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт (ЦРВЕН) картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката и на него (на нога) со јак интензитет, неспортски стартуваше играч од екипата на домакините и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинката екипа и доиделен жолт картон за играчот на домакините за неспортски старт, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

83 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините центрираше во шеснаесетникот на екипата на гостите, при центаршутот негов соиграч беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот при центаршутот од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследен одбранбен играч).

90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен жолт картон)

Предпоследен играч од екипата на гостите додаде топка кон својот голман, во истиот момент играч од екипата на домакините тргна кон голманот за да дојде до топката, но беше спречен со туркање со телото од одбранбениот играч кој се наоѓаше пред играчот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домакините и доделен жолт картон за играчот на гостите за недозволен старт . Во оваа ситуација доделен е само жолт картон бидејки играчот на гостите ја немаше топката во свој посед и не беше во ситуација да стигне пред голманот за да  игра со топката.

На натпреварот ФК Работнички– ФК Македонија Ѓ.П одигран на 27.11.2022 година, анализирана е ситуацијата од 50 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

50 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката пред шеснаесетникот  на домаќините и додаде топката до свој соиграч, кој во моментот на додавање беше понапред од предпоследниот играч од  одбраната на домакините, истиот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, досудено, голот е поништен, досудено е индиректен сл.удар (офсајд) за екипата на домаикините, бидејки играчот на гостите при додавањето на топката од соиграчот се наоѓаше во недозволена позиција.

На натпреварот ФК Скопје – ФК Академија Пандев одигран на 27.11.2022 година, анализирани се ситуациите од 78 и 84 минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Александар Ѓорѓески.

78 минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините додаде топка во шеснасетникот на гостите, на неа тргнаа двајца противнички играчи, пред играчот од нападот на домакините да ја удри топката одбранбениот играч од екипата на гостите ја изби со нога и топката го удри во глава играчот.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи,иако играчите беа еден до друг, немаше никаков контакт  помеѓу одбранбениот играч на гостите и играчот од нападот на домакините, топката беше чисто избиена од одбраната.

84 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините  центрираше во шеснаесетникот на гостите, негов соиграч со глава ја додаде топката до свој соиграч, кој во моментот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен бидејки во момент на додавање на топката од соиграчот, играчот што постигна гол беше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите).

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

 

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 13 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Саса – ФК Караорман одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 80 минута.

Главен судија: Влатко Илиоски. Помошен судија: Петар Степаноски и Николче Дрнковски.

80 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на домакините беше во шеснасетникот на екипата на гостите и шутираше кон голот, во тој момент играч од екипата на гостите со грбот беше свртен со грб за  да ја блокира топката и со рацете до тело, топката при шутот го удри во тело и рака (природна положба) играчот на гостите.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки раката на играчот беше до телото во природна положба.

На натпреварот ФК Воска – ФК Охрид одигран на 26.11.2022 година анализирани се ситуациите од 26, 35, 37 и 90+5 минута.

Главен судија: Доне Ристовски. Помошен судија: Тоше Ицев и Иван Танев.

26 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден слободен удар)

Играч од гостите центрираше во шеснаесетникот на домакините, топката дојде до негов соиграч кој го турна противничкиот играч кој се наоѓаше пред него (спречувајки го да игра со топката) и постигна гол.

Исправна одлука на главниот судија, голот е поништен, досуден е слободен удар (туркање) за одбраната на домакините.

35 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч, кој во момент на додавање беше во линија со предопследниот играч од екипата на гостите, истиот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен бидејки во моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот на домакините беше во дозволена позиција (во линија со предпоследен играч од одбраната на гостите).

37 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Не е дадено правилна информација за дисиплинска мерка)

Пред да се изведе почетен удар за екипата на гостите, играч од екипата на домакините неспортски (со интензитет) го турна во градите играчот од екипата на гостите, главниот судија беше свртен со грбот и ја немаше ситуацијата во прегледност.

Во оваа ситуација главниот судија доделува ЦРВЕН картон бидејки гледа крв на лицето на играчот на гостите, меѓутоа целата ситуација се одвива пред вториот помошен судија, но главниот судија не добива правилна информација од него за да се додели жолт картон, бидејки туркањето беше во гради.

Вториот помошен судија мора да биде многу повеке проактивен и повеке концентриран во оваа ситуација, бидејки пред да се изведе почетниот удар по постигнување на гол, имаше многу тешка офсајд ситуација каде што донесе исправна одлука.

На натпреварот ФК Гостивар –ФК Детонит одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 88 и 90+4минута.

Главен судија: Александар Василевски. Помошен судија: Бојан Андевски и Александар Ѓурковски.

88 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката странично од голот во 16 – сетникот на гостите, играч од одбраната на гостите направи лизгачки старт на топка и играчот од нападот на домакините падна пред да има контакт со одбранбениот играч, сакајки да симулира удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија и добра соработка со вториот помошен судија (добива исправна информација дека нема контакт за удар од 11 метри) што не досуди удар од 11 метри, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели жолт картон за играчот на домакините за симулација.

90+4 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините прима топка во 16 – сетникот на гостите и при приемот на топката (со грб свртен спрема голот) губи контрола и паѓа, позади него стои противнички одбранбен играч и нема никаков контакт помеѓу нив.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки играчот падна сам и немаше никаков контакт помеѓу него и играчот од одбраната на гостите.

На натпреварот ФК Беласица–ФК Кожуф одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 76 минута.

Главен судија: Јосип Бартон. Помошен судија: Дејан Димитриевиќ и Бојан Ивановски.

76 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите центрира топка во шеснаесетникот на домакините, играчот од одбраната на домакините го турна од позади грб играчот од нападот на гостите, пред да може да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за недозволен старт (туркање),  во оваа ситуација главниот судија треба да додели и дисциплинска мерка жолт картон за туркање на играчот од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Пехчево –ФК Пелистер одигран на 26.11.2022 година анализирани се ситуациите од 1, 44 и 78 минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошен судија: Петар Новачев и Роберт Црвенов.

1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите прими топка во шеснаесетникот на гостите со грб свртен спрема голот, дојде до минимално туркање од одбранбен играч од екипата на гостите, по тој минимален контакт играчот падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.

44 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Не досудено офсајд позиција)

Центрирана топка од слободен удар во шеснаесетникот на гостите, играч од нападот на домаќините при центаршутот беше понапред од предпоследниот играч од одбраната на гостите и постигна гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија, играчот при центаршутот беше во недозолена (офсајд) позиција, требаше да се досуди индиректен слободен удар за екипата на гостите.

76 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите прими топка во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите со колено во пределот на ногата (надколеницата) направи прекршок над играчот од нападот на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за неспортски старт, прекршок со колено во предел на нога (надколеницата).

На натпреварот ФК Тетекс – ФК Вардар одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 56 минута.

Главен судија: Миле Лазов. Помошен судија: Давор Дишлиевски и Ване Дупкаров.

56 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите додаде топка во шеснаесетникот на домакините, топката дојде до негов соиграч и пред да игра со топката беше турнат од позади грб од играч од одбраната на домакините.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт (туркање од позади грб) и доделен исправно жолт картон за играчот од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Беса – ФК Борец одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 59 минута.

Главен судија: Христијан Божиновски. Помошен судија: Александар Недевски и Дарко Видиниќ.

59 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделени ЦРВЕНИ картони)

Во тек на игра двајца противнички играчи започнуваат меѓусебно кошкање и удирање.

Исправна одлука на главниот судија, доделени ЦРВЕНИ картони за двата играча за меѓусебно удирање.

На натпреварот ФКСлога-ФК Арсими немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Информација за изгубено време:

Изгубеното време на сите натпревари во МФЛ останува според правилата на фудбалската игра, додека изгубеното време кое е  актуелно на натпреварите од светското првенство  се спроведуваат моментално само за ова натпреварување.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет1 час

Сан Франциско им дозволува на полициските роботи да користат смртоносна сила

Одборот на супервизори во Сан Франциско гласаше да им се дозволи на полициските роботи да користат смртоносна сила во екстремни...

Магазин1 час

Протекоа информации за MIUI 14 пред официјалното лансирање

Сите новости ги објави корисникот на Twitter @kacskrz, а MIUI 14 ни носи нова системска архитектура со претходно инсталирани апликации...

Магазин1 час

Дали Apple ве лажеше за приватноста?

Со зголемената загриженост за приватноста на податоците, Apple прибегна кон паметен маркетинг и ТВ реклами за да ги увери корисниците...

Магазин1 час

Twitter ја прекина политиката за дезинформации за корона

Долгогодишните напори на Twitter за борба против дезинформациите за коронавирусот завршуваат, барем засега. Twitter почна да се занимава со дезинформации...

Магазин1 час

Еве Viber услуга што не ја користите и која може да ви заштеди пари

Rakuten Viber пред празниците им понуди на своите корисници нова услуга Viber Out Rakuten Viber, една од најголемите глобални комуникациски...

Магазин1 час

Криминалците го користат популарниот предизвик TikTok за да го направат невидлив малициозен софтвер за крадење податоци

Злонамерниот софтвер го користи популарниот предизвик TikTok за ширење на малициозен софтвер за крадење податоци преку лажна апликација која досега...

Магазин2 часа

Лионел Меси стана лик во играта на Call of Duty, а на фановите едно им пречи (ВИДЕО)

Лионел Меси стана лик во видео игрите Call of Duty Modern Warfare II и Call of Duty: Warzone. Меси е...

На денешен ден5 часа

2 декември – На денешен ден

1254 – Сицилијанскиот крал Мафред ја поразил папската војска во битката кај Фоџа и го задржал своето кралство. 1547.- Починал...

Македонија7 часа

Со последното намалување на цените на нафтените деривати, дизелот и бензинот од денес се продаваат по иста цена за литар

Дизел горивото од денес се продава со намалена цена за два денари од литар, додека пак цената на бензините останува...

Временска прогноза13 часа

Целосна метео анализа за месец декември, ова се најновите вести

Според најновите анализи кои ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, месец декември оваа година ќе биде...

НАЈЧИТАНИ