Македонија
Реони во Скопје и Тетово утре без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа
Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 03.06.2021 година – четврток, ЕВН Скопје & ЕВН Тетово ќе работат на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Скопје
КЕЦ Аеродром:
дел од ул. Дане Крапчев (Од 08:30 до 15:30 часот)
дел од ул. Јустинијан Први (ул. Драчевска) (Од 09:00 до 14:00 часот)
КЕЦ Васил Главинов:
ул. 8 Љуботенски Пат Бутел, Потрошувачите во близина на последна 8-ца во Бутел (Од 09:00 до 14:00 часот)
Улица 1, 3 и 5, с. Јурумлери (Од 09:15 до 12:45 часот)
КЕЦ Ѓорче Петров:
с. Матка, Шишево и Глумово (Од 08:30 до 15:00 часот)
дел од корисниците на ул. 20 (Од 09:00 до 15:00 часот)
Тетово
ул. Фуштанска, дел од Љ. Б. Пиш (позади автобуската станица), Макпетрол Силоси, Бензинска пумпа Макепетрол на влез во Тетово, објектите околу пумпата, МВР Сообраќајна полиција, објектите околу неа, ул. В. С. Бато кај АМСМ, ул.29-ти Ноември кај АМСМ и приватна болница Истамбул, Жито Полог, Шик Јелак, КАМ маркет, ЗИК ЛАДИЛНИК, ЗИК Млекара, амбуланта кај Монопол, објекти околу Шик Јелак на ул. Маршал Тито и 29-ти Ноември, с. Џепчиште, с. Непроштено, с. Сетоле, с. Отуње, с. Једоарце, с. Порој, с. Ѓермо, нас. Циглана, нас. Деребој (Од 06:00 до 06:30 часот)
с. Старо Село, с. Беловиште, с. Нераште, с. Рогачево, с. Вратница, с. Орашје, с. Јажинце (Од 09:00 до 10:00 часот)
ТИРЗ, с. Фалише, дел од с. Сараќино, населба Деребој кај сточарска фарма, с. Рогле, с. Мерово, с. Церово, с. Гургурница, с. Седларево, с. Луковица, с. Фалише, с. Сараќино, с. Стримница, с. Желино (делот кај школото), с. Долна и Горна Лешница, с. Добарце, с. Чифлик, с. Ларце, с. Копачин Дол, с. Групчин, с. Ново село-Дервент, с. Лавце, с. Селце, Викенд Населба Кале, с. Шипковица, Шипковачко Теќе, с. Вејце, с. Бродец, с. Вешала, с. Бозовце (Од 09:30 до 13:30 часот)
Извор: Струја
Македонија
На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари за Јован повторно да му се насмевне на видот. Му недостасуваат помалку од 4,000 евра за операција на окото, истата чини 5,500 евра.
Да го откажеме нашето кафе и да направиме добро дело, телефони во рака и дадете свој хуман придонес!
T-Mobile: 143-105
A1: 143-471
Мал гест за нас, огромна шанса за него да го види светот повторно.
Ајде сите по една порака!
Ајде за Јован!
Ајде да покажеме дека не забораваме!
Доколку некој не е во можност да донира 100 денари, нека ја сподели оваа објава
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево8 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево11 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза9 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија23 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
