Следете не

Спорт

Репрезентативците на Данска се првите четвртфиналисти на Европското Првенство во фудбал

Објавено пред

на

Данските фудбалери се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство, бидејќи денес во Амстердам го совладаа Велс со 4-0. Велшанецот Герет Бејл ја имаше првата можност на натпреварот во 10-та минута, кога неговиот удар од далечина заврши покрај голот.

Во продолжение Данска ја презеде иницијативата, а во 27. минута со голот на Каспер Долберг од работ на казнениот простор се стекна со предност. Долберг можеше да го зголеми резултатот пет минути подоцна со асистенција на Микел Дамсгард, но неговиот удар го одбрани голманот Дани Вард.

Данска продолжи да напаѓа до крајот на првото полувреме, а најдобрата можност за втор гол ја имаше Јоаким Меле, кој шутираше од непосредна близина уште во првата минута од продолжението, но голманот на Велс успеа да го одбрани ударот. Долберг го постигна својот втор гол на натпреварот во 48-та минута, откако ја искористи лошата реакција на дефанзивниот играч Неко Вилијамс.

Данска имаше можност за трет погодок преку Матијас Јенсен во 65-та минута, кога топката ја „пасе“ стативата по неговиот удар. До крајот на мечот головите за Данска ги постигна Меле во 88-та минута, а по консултациите со ВАР, Мартин Брајтвајт го надополни тоа во четвртата минута.

Велс остана во 90-та минута со играч помалку, откако Хари Вилсон доби директен црвен картон по фаулот над Меле. Во четвртфиналето на Европското првенство, Данска ќе игра против подобриот тим од натпреварот помеѓу Холандија и Чешка (27 јуни).

ФОТО: EPA-EFE/Olaf Kraak

Спорт

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Објавено пред

на

©ФФМ / архива

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка помеѓу Клими и Форца 2015 ќе биде одиграна на 21. април во недела.

Домаќин на финалниот натпревар ќе биде градот Велес, а мечот ќе биде одигран во спортскиот центар Гемиџии.

Финалниот футсал натпревар помеѓу Клими и Форца 2015 ќе започне со почеток во 18. часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

Објавено пред

на

ФФМ

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.

На турнирот освен учениците на Св. Наум Охридски, учествуваа и следните училишта:

-ООУ „Ванчо Прке“ – Штип  – со една машка и една женска екипа

-ООУ „Марко Цепенков“  – Скопје со една женска екипа

-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа

– ДСУ „Искра“ – Штип со една  машка и една женска екипа

– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа

– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа

Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.

„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува  фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.

Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:

Прочитај повеќе...

Спорт

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.

Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Теа Сапунџиев Истатов

Евгенија Вењановска Скопје

ОДБРАНА:

Арба Мерко Ас Јунајтед

Јована Јованоска Цевитана

Андреа Коловска Љуботен

Искра Смилевска Скопје

Михаела Марковска Топ Гол

Теодора Јоновска Топ Гол

Ема Нановска Истатов

Лина Луканова Ас Јунајтед

СРЕДЕН РЕД:

Леонтина Пржолева Тиверија

Теона Галабовска Тиверија

Ева Величковска Љуботен

Блехана Алиевска Топ Гол

Теодора Настова Скопје

НАПАД:

Настасја Накова Скопје

Розита Пецева Тиверија

Уна Јосевска Скопје

Меланија Грозданова Скопје

Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан2 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево3 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт11 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг12 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура12 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle13 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин13 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин13 часа

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

НАЈЧИТАНИ