Кичево
(ФОТО) Новото „Retro Caffe“ – Кичево, вашата омилена „ретро“ приказна со традиционално најубаво кафе во градот

На нашиот веб простор денес Ви презентираме уште еден локал кој според нашата статистика и ваши коментари котира високо кога е во прашање добро кафе и услуга. Пред безмалку еден месец град Кичево е побогат со специлизиран објект, се разбира за љубителите на одличниот вкус на добро кафе, тоа е „Retro Caffe“ во непосредна близина на градинката „Олга Мицеска“ на ул. „11-ти септември“ бр. локал 10.
„Retro Caffe“ во сосема необичен ретро стил ќе ги долови сите ваши симпатии со само едно испиено кафе и ќе посакате повторно да ги посетите. Одличен амбиент, во чиста и реновирана просторија, а кафето? … несомнено од тука денот тргнува со позитивна енергија, бидејќи кафето секогаш ќе ви биде убаво.
За летните денови кои забрзано доаѓаат „Retro Caffe“ ја спрема најдобрата летна тераса, а за највозбудливите фудбалски првенства, ќе врши пренос на најактуелните мечеви со добро пиво, кикирики и музика.
Посетете ги уште веднаш, работно време секој ден од 07:00 до 00:00ч
Галерија преку нашиот објектив:
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево13 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија3 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје7 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак