Кичево
РиД Електроника & Тотал ТВ од денес со нова локација во Кичево

Нашите партнери од РиД Електроника и главни застапници на Тотал ТВ во Кичево и околината после подолго време од денес се со нова локација на главната ул. „Борис Кидрич“ во сосема нов и уреден салон, повеќе достапен за сите клиенти и корисници.
Повелете и искористете ги сите поволности на квалитетна Телевизија и одберете ги некој од Тотал ТВ пакетите било каде во Кичево и околината, веднаш!
Кичево
ОВР Кичево вчера реализираше превентивни активности за заштита од пожари со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари

Превентивни активности на ОВР Кичево за заштита од пожари со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, вчера (24.05), полициски службеници од полициската станица Кичево, реализираа превентивни активности и контакти со месното население на подрачјето на кичевските села Лисичани и Челопеци.
Притоа, на жителите на овие региони, им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“, и низ кратки разговори, беа потсетувани на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари со посебен акцент на потребата од почитување на мерките за безбедност при движење и престој во шуми и на површини со вегетација на отворен простор.
Заедничките тимови, посебно ја нагласија потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење, за Порта.мк информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Зошто сите оваа сезона зборуваат за проектот „Истражи го Кичево“ на „Интелект Едукација“

Со огромна љубов и ентузијазам ја најавуваме повторната реализација на нашата програма „Explore Kichevo“ – незаборавно авантуристичко и едукативно искуство наменето за децата, со една јасна цел, а тоа е да го запознаат, засакаат и почувствуваат како свое родното место – Кичево!
Преку низа внимателно подготвени активности во природа, игри, работилници и кампување, децата ќе добијат можност:
• Да ги откријат природните и културни богатства на Кичево и околината,
• Да се запознаат со локалните обичаи, историја и традиции,
• Да се поврзат со своите врсници преку дружење и тимска соработка,
• Да изградат чувство на припадност, гордост и љубов кон местото каде што растат.
Нашата визија е јасна – сакаме децата да останат поврзани со своето место, да научат да го вреднуваат и сакаат својот град таков каков што е. Затоа што кога местото од каде што доаѓаш ти е важно, и ти стануваш посилен и посигурен во себе.
Што им нуди „Explore Kichevo“ на децата?
• Автентично доживување во природа,
• Знаења и вештини што ќе ги носат со себе цел живот,
• Нови другарства и драгоцени спомени,
• Поттик на самодоверба, емпатија и соработка,
• Длабоко чувство на припадност кон својот корен.
Нашата цел е и да покажеме дека вреди да се учи и расте токму тука – во Кичево. Преку оваа програма, не само што ги охрабруваме децата, туку и го истакнуваме нашиот град на најубав можен начин – преку нивните искрени насмевки и искуства.
И оваа година продолжуваме со иста страст и посветеност – со програми кои се автентични, со никогаш не-копирани туѓи идеи, создадени со многу љубов и внимание. Ние не преземаме – ние градиме. Како едукативен центар стоиме цврсто зад нашата мисија: да понудиме образование што е квалитетно, смислено и вистински инспиративно, според потребите и интересите на секое дете.
Продолжуваме со срце – за нивна среќа, за наше Кичево, за подетални информации контактирајте на тел бр. 071/777-939 (Интелект Едукација)
/ПР – Интелект Едукација
Кичево
Демант од СВР Охрид: Стара е веста за случена сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, која беше за жал со жртви

Предмалку до нашиот медиум вознемирени граѓани и читатели упатија низа прашања за тоа дали денес се случила сообраќајка кај село Трапчин Дол кичевско со трагични последици, по проследена објава на некои портали дека се случила сообраќајка, по што го контактиравме Секторот за внатрешни работи – Охрид, односно портпаролот Стефан Димоски кој за Порта.мк го истакна следново:
– „Запознати сме дека некои медиуми имаат истакнато дека се случила тешка сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, така што во овој момент преку вашиот медиум ја демантирам таа вест бидејќи станува збор за веќе случена сообраќајна несреќа која за жал беше со смртни последици. Сообраќајот моментално се одвива нормално и непречено.
– Исто така, апелирам до медиумите да ги проверуваат вестите со цел точно и навремено информирање на граѓаните“ – истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (25 мај)
-
Кичево12 часа
ОВР Кичево вчера реализираше превентивни активности за заштита од пожари со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари
-
Временска прогноза18 часа
Затоплување нема ни под разно! Невообичаен период за последната седмица од мај месец!
-
Кичево1 ден
Зошто сите оваа сезона зборуваат за проектот „Истражи го Кичево“ на „Интелект Едукација“
-
Македонија1 ден
Во Штип експлодирала плинска боца во стан, од силината на експлозијата врата и прозорец паднале директно на паркирано возило
-
Храна1 ден
Како до свежи и вкусни банани, еве неколку работи кои сигурно не сте ги знаеле
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (26 мај)
-
Скопје2 дена
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје, поради меѓународен спортски натпревар