Кичево
Rock’n’Roll викенд во Република 96250

Housemasters се бенд чиј настап мора да се посети. Составен од музичари со еминентно искуство, бендот ќе настапи со супер репертоар кој веќе е познат во Република 9625. Време е за Disco funk popular songs и квалитетен музички времеплов. Петок со почеток во 21:30h
Сабота уживајте во прекрасна Rock’n’Roll музика отсвирена од единствените No Fun, почеток 21:30h, тел. за резервации: 078 322 615
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево2 дена
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Занимливости1 ден
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
На денешен ден1 ден
4 јули – На денешен ден
-
Временска прогноза2 дена
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација
-
Временска прогноза24 часа
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите