Спорт
Руи Коста избран за претседател на Бенфика
Тој доби повеќе од 84% од гласовите на изборите на кои учествуваа повеќе од 40.000 членови на клубот. Негов противник беше Франциско Бенитес и доби нешто повеќе од 12% од гласовите.
Руи Коста беше играч на Бенфика два мандати (1991-1994 и 2006-2008 година). До јули оваа година, тој беше потпретседател, а оттогаш беше вршител на должноста прв човек на Бенфика.
Потоа, поранешниот претседател Луис Фелипе Виеира беше уапсен (тој беше шеф на клубот 18 години), осуден за повеќекратна измама и затајување данок, како и перење пари во вредност од повеќе од 100.000.000 евра.
Така Коста доби четиригодишен мандат, до 2025 година.
Извор/Фото: noticiasaominuto.com
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Кичево2 денаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Кичево8 часаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Македонија21 часТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп21 часХороскоп за среда (12 ноември)
-
Временска прогноза1 денОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Македонија1 денПријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
-
Магазин1 денКако да го забрзате вашиот стар Android телефон без да купувате нов
