Македонија
„Рурална Коалиција“ со дечињата од ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – „Едукацијата на децата – клучна за активно прилагодување на локалната заедница кон климатските промени“

Секоја деценија обемот на земјоделското производство се намалува за 6%, што значи дека за секои 10 години ние имаме помали количини на храна. Според податоците на Обединетите Нации само во 2020 година бројот на луѓе во светот кои што немаат доволно оброци во текот на еден ден е зголемен за 20%. Во голем дел ваквите загрижувачки податоци се должат и на климатските промени, а сеуште најголемиот дел од населението во нашата држава смета дека не придонесува директно кон создавањето на климатските промени, а уште помалку презема мерки за ублажување на нивните ефекти.
Една од клучните активности со кои што може да се промени моменталната состојба кога се во прашање климатските промени е едукацијата. Рурална Коалиција помина два месеци во кампања и неформална едукација за климатските промени во земјоделството при што беа посетени над 30 села на целата територија, но за да може промената да се направи од корен потребно е за климатските промени да се говори, но и да се делува од најмали нозе.
Токму затоа во соработка со ООУ Кузман Јосифоски – Питу од Кичево се спроведе практична едукација и работа на тема: „Климатска едукација – СЕГА и ВЕДНАШ!“ каде што учениците од трето и четврто одделение имаа можност да слушнат што всушност значат климатските промени, како тие влијаат на призводството на храна, но и како може да делуваме кон ублажување и прилагодувањ кон ефектите кои што климатските промени ги создаваат, а кои што влијаат на нашето секојдневно живеење.
Климатската едукација со учениците се спроведуваше во текот на месец ноември и декември, а се подготви и изложба на ликовни творби како децата гледааат на климатските промени и како ги разбираат истите.
– „Климатските промени се една тема на која што мора многу посветено да се работи, како и да се зголемува фондот на часови и едукација на учениците на оваа тема, како би можеле да создадеме образовани, но и подготвени млади луѓе за акција за ублажување и прилагодување кон климатските случувања на кои што сме сите сведоци денес, а нашето училиште тоа настојува да го прави на секој можен начин, како што впрочем е и оваа акција организирана денес“, истакна директорката на училиштето, Илинка Анѓелеска.
– „Ние сме првата генерација на луѓе која што ги чувствува ефектите од климатските промени, но и последната која што може да превземе нешто за да се ублажат ефектите, а во исто време и да се прилагодиме на новите климатски услови и да продолжиме со она најважното, а тоа е производството на храна кое што за жал како што доаѓаат годините ќе биде се помало, а земјоделските производи се поскапи. Токму затоа ни се потребни ваквите акции и соработки за да може реалните случувања и можности за делување на оваа тема да ги пренесеме и во образовниот процес и при тоа истите да станат пракса во сите образовни институции, затоа што младите се тие кои што ги потикнуваат, но и ги носат промените со себе, а најдобро на нивната свест може да влијае од најмали нозе, па така нашата крајна цел е воведување на редовна и задолжителна едукација за клима и климатските промени како посебен наставен предмет„ – напомена Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.
Во таа насока, како и заради заедничките заложби Рурална Коалиција и ООУ Кузман Јосифоски – Питу денес потпишаа и меморандум за соработка во кој што се обврзаа и понатаму редовно да работат на заеднички едукативни активности на полето на климатските промени, но исто така и на сите останати теми кои што се поврзани со производството на храна и создавањето на одржлив развој во заедницата.
Едукативната кампања е дел од проектот „Климатска акција за климатските промени во земјоделството“ кој што Рурална Коалиција го спроведува со финансиска поддршка на Фондација Отворено Општество – Македонија, а годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан од Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска
Македонија
МВР и РСБСП денес беа помеѓу граѓаните на автопатот „Пријателство“ и реализираа превентивна акција „Вози одморен“

Денеска на автопатот „Пријателство“, на првата наплатна рампа до граничниот премин Богородица, Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност продолжија со превентивната акција „Вози одморен“. Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, каде во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор. „РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје продолжуваат со активности од летната кампања „Вози одморен“.
Потсетуваме дека обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани кога управуваат возило, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. Затоа упатуваме апел да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, возачите да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да не го потценуваат заморот, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило, да патуваат одморени и наспани. Возете одморени, возете безбедно!“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.
Портпаролот на МВР потенцира дека возачите не смеат да го потценуваат заморот, затоа што тоа може да има фатални последици. Токму поради тоа и се реализираат ваквите превентивни активности, за да се потсетат возачите на можните последици од непочитувањето на правилата. „Подобрувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за нас. Министерството за внатрешни работи таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите седум месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.
Во првите седум месеци од 2022 година има 61 жртва, што е за 19 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 80“, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
/МВР
Македонија
По речиси три месеци од денес авто-плинот со драстично намалена цена за литар

Авто-плинот (тнг) од денес се продава по нова намалена цена, така што на малопродажните објекти ќе се продава по цена од 48 денари за источен литар. Ова намалување го бележиме како едно од најголемите кога е во прашање течниот нафтен гас – 5 денари.
Да напоменеме течниот нафтен гас, не е под Регулаторната Комисија за Енергетика, така што цената може да зависи од малопродажните објекти (бензински станици)
Македонија
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина

На 14.08.2022 година во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-18, Струга-22, Кичево-47, Дебар-05).
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, известуваат од МВР.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Да му помогнеме на семејството Митески од Кичево да го возобнови домот кој изгоре до темел во страшен пожар, трагедија која го потресе градот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 август)
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп (17 август) – среда
-
Македонија9 часа
По речиси три месеци од денес авто-плинот со драстично намалена цена за литар
-
Скопје20 часа
Лишена од слобода жената која денес одзеде дете во Скопје, по брза постапка ќе и се суди пред надлежен судија
-
Временска прогноза21 час
На повидок нов топлотен бран, температури некаде и до 40 степени – ова се најновите метео информации
-
Магазин5 часа
Apple го наоѓа својот следен голем бизнис: прикажување реклами на вашиот iPhone
-
Балкан23 часа
На „Прешево“ се чека околу 40 минути, додека за товарните возила најдолго се чека на излез од Србија кон Унгарија