Кичево
Рурална Коалиција: Изработени Локални еколошки акциски планови за општините на територијата на ЛАГ „Треска“
Само 6.25% од општините во Република Македонија ја исполнуваат целосно обврската за изработени и во фаза на имплементација Локални еколошки акциски планови, а само 21,88% делумно ја исполнуваат таа обврска. Тоа беше и главниот поттик да се работи на територијата на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод токму во насока на развој на Локални еколошки акциски планови кои што денес беа презентирани пред претставници на сите три општини кои што воедно и ја сочинуваат територијата на Локалната акциска група „Треска“ која што денес меѓудругото ги утврди и приотитетите за работа за 2024 година.
Локалните еколошки акциски планови се работеа со експертска поддршка изминатите неколку месеци, а истите ги содржат мерките за заштита на животната средина на чија што имплементација општините треба да работат до 2027 година. Како главни предизвици за сите три општини во делот на заштитата на животната средина се идентификувани: нарушен квалитет на воздухот од индустриски активности и интензивен сообраќај, отсуство на селекција на цврст отпад, диви депонии, користење на огревно дрво за загревање, нарушен калитет на почва од индустриски активности, прекумерна употреба на агрохемиски средства на земјоделските посеви итн.
Во следниот тригодишен период општините ќе работат на едукација на населението, јакнење на капацитетите на институциите, отстранување на дивите депонии, јакнење на меѓуопштинската соработка, вклучување во процесот на праведна транзиција, како и јакнење на капацитетите на ЛАГ-от во насока на имплементација на изготвените еколошки планови.
Со изготвувањето на ваквите планови се јакне стратешкиот развој на општините опфатени со плановите, а во наредниот период пак ќе се работи на мобилизација на локалното население и реализација на активности кои што ќе придонесат кон директна имплементација на мерките предвидени во ЛЕАП-ите.
Проектот „Локални партнерства за локални климатски акции“ го имплементира Рурална Коалиција како институционален грант, а во рамките на проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗМП и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија.
Инаку, оваа содржина е со единствена одговорност и извор на Рурална Коалиција, така што не ги одразува ставовите на Европската Унија или Шведска.
Фотогалерија од настанот:
Кичево
КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини, и тоа, вторник и четврток од 19:30ч и сабота од 12:00ч.
Не заборавајте, уписите за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, се уште траат, истите можат да се извршат и за време на тренинзите во горенаведените термини во спортската сала на ОСУ „Мирко Милески“. Ова е вистинска и идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.
Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?
- Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
- Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
- Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.
📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:
- 075/525-774 – Војне Савески
- 078/424-238 – Александар Димитров
🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!
Кичево
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско. Немаме подетални информации за учесниците на сообраќајката и нивното здравје.
Апелираме за внимание доколку поминувате преку овој патен правец.
Наскоро очекуваме детали од овој настан. Од она што го знаеме како информација од случајни минувачи, учесници се и жители од Косово.
На интервенција се веќе екипи на Итна помош при Општата болница Кичево и Полициски екипи.
Кичево
(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево организираа хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево
Концертот беше збогатен со многу музика, оро и родољубиви песни, а настапуваа културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, додека бендот кој беше задолжен за комплетната програма беше група „ЕТНУМ“.
Да ги позравиме уште еднаш учесниците: КУД Бисер Кичево, КУД Нико Пусоски Кичево, КУД Младост Кичево, КУД Кочо Рацин Кичево, Христијан Трајаноски, Дарко Стојаноски, Методија Столески, Софија Пуровска, Анастасиа Митровска, Мирослав Мирчески, Михајло Данилоски, Лука Лазарески, Христијан Тришоски
Да потсетиме, средствата од концертот, ќе бидат донирани на социјални и ранливи семејства во соработка со „Црвен Крст“ Кичево, во предновогодишниот период. Мотото и целта на овој проект беше реализација на Патриотско Здружение „Македонски Завет“ – Кичево е да помогне на тие на кои сме им најпотребни и да им ги удостоиме новогодишните и Божикни празници, со хумана донација. Патриотски е да бидеме хумани.
Благодарни што сме дел од овој хуман настан, ние и понатаму ќе продолжиме да даваме максимална поддршка за хуманитарните настани било каде во државата, па и Кичево.
Преку нашиот објектив, Ви го пренесуваме настанот во целост:
-
Кичево1 ден(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево13 часаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (30 ноември)
-
Хороскоп24 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Здравје и убавина1 денШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Здравје и убавина1 денПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Кичево4 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија1 денКај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет



























































































































