Следете не

Македонија

„Рурална Коалиција“ ја изработи првата мапа со туристички локалитети во реонот на „Илинска планина“

Објавено пред

на

©РуралнаКоалиција

Во рамките на проектот „Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ кој што Рурална Коалиција го спроведува како подгрант финансиран во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“, а се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ ја изработи првата мапа на туристички локалитети и бизнис можности кои што се наоѓаат во реонот на Илинска планина.

Преку вака изработената мапа која што произлезе од претходна анализа за туристичките потенцијали и бизнис можности во реонот на Илинска планина ќе се промовираат локалитетите кои што нудат можности за развој на рурален туризам и активирање на локалното и рурално население во овие области со што директно ќе се придонесе кон локалниот економски развој на регионот.

Ваквата мапа со туристички локалитети и бизнис можности за прв пат е изработена во реонот на „Илинска планина“ и е отворена за дополнување и мапирања на нови локалитети, а ќе биде изработен и посебен туристички водич кој што ќе говори подетално за секој од локалитетите поставени на мапата.

Македонија

Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди

Објавено пред

на

На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).

Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.

При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.

Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Објавено пред

на

©porta.mk

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.

„Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.

Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин6 минути

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

Магазин13 минути

Водич за купување ChatGPT со вештачка интелигенција

• OpenAI ја претстави новата функција „истражување на пазарување“, создадена за да им помогне на корисниците при празничното пазарување. Функцијата...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин15 минути

Nvidia ја прогласи Huawei за најсилна технолошка компанија во историјата

• Јенсен Хуанг истакна дека Huawei е најмоќната технолошка компанија досега, со исклучителни можности во вештачка интелигенција и хардвер. Не...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин16 минути

Телефоните на Samsung добиваат голема реконструкција: Започна бета-програмата One UI 8.5

Samsung ја претстави бета-програмата One UI 8.5, која им овозможува на корисниците да ја тестираат новата верзија на интерфејсот пред...

Кичево1 час

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени...

Временска прогноза2 часа

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно...

На денешен ден4 часа

Времеплов: На денешен ден (9 декември)

На денешен ден 9 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Кичево5 часа

Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните

Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед....

Свет13 часа

Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени

Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо....

Хороскоп14 часа

Хороскоп за вторник (9 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас....

НАЈЧИТАНИ