Следете не

Временска прогноза

Сѐ појасна слика дека нестабилноста со чести поројни дождови ќе биде застапена и во почетокот на јуни месец, ова се последните информации..

Објавено пред

на

Во следните денови се поизразена ќе биде нестабилноста во Македонија, а ќе има и се почести поројни врнежи од дожд на МНОГУ МЕСТА. Нашата територија до првите денови од месец јуни ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Во периодот пред нас, врнежите повремено ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 л/м2). Токму поради ова постои опасност од локални ПОПЛАВУВАЊА, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје  и околината исто така ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите ќе бидат околу просекот за овој период од годината, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени, што значи за првиот поизразен топол Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме.

За порта.мк пишува Славчо Попоски од Метеоаларм.

Временска прогноза

Продолжениот викенд ни носи пеколни температури, ова се информациите

Објавено пред

на

До недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на веќе споменатиот екстремно топол бран кој продира од северните предели на Африка кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион. Температурите насекаде во Македонија од денес, па се до недела ќе надминуваат 30 степени, додека во поголем дел од државава тие ќе се искачат  и до околу 35 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина  локално тие ќе надминуваат и 40 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9  и 10, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Меѓутоа, веќе во недела во Македонија  и тоа поради влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето во попладневните  и во вечерните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, и тоа токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка, локално се очекува појава на силно невреме со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град кој во ваква ситуација големи се условите тој да биде и крупен.

Дури постои опасност од појава на Суперќелиски облаци како во Македонија, така  и во регионот за време на викендот кој доаѓа. Ваквите Суперќелии би можеле да предизвикаат дури и појава на торнадо или пак да предизвикаат штети во одредени области, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од овој четврток па сѐ до недела екстремно топол бран ќе ја зафати Македонија, додека УВ индексот ќе биде 9

Објавено пред

на

Под влијание на екстремно топла, сува  и стабилна воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, од четврток до недела во Македонија времето ќе биде сончево, екстремно топло и суво со мала локална облачност. Температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во поголем дел тие ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните  и во југоисточните предели температурата локално ќе се искачи до околу 40, 41 степен.

За време на овој екстремно топол бран, од Сахара над нашата територија и понатаму ќе биде присутна прашина и песок па така  и атмосферата нема да биде во целост чиста, а времето ќе биде многу мачно и спарно. Токму поради ова температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

Почитувани, во пресрет на екстремно топлиот бран од Африка, апелираме без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да се пие повеќе течности. Ув индексот во следните денови ќе има екстремно висока вредност 9, за порта.мк пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Во понеделник и вторник можно е краткотрајно невреме со пороен дожд

Објавено пред

на

По стабилниот, сончев и сув викенд, во понеделник и во вторник во попладневните часови во Македонија ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на локално краткотрајно невреме.

И во делови од Скопската котлина во понеделник и во вторник во попладневните часови ќе има услови за краткотраен развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 34 степени.

Од среда влегуваме во период на стабилно и суво време насекаде низ Македонија, а ќе биде и се потопло поради нов продор на многу топла воздушна маса од северните предели на Африка која ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот. Детална анализа околу новиот многу топол Африкански бран кој во Македонија доаѓа од среда 19.6.2024 следува во следните наши метео објави, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за петок (21 јуни)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Гејминг11 часа

Среќен роденден „Counter Strike“ – вчера се навршија токму 25 години од мега популарната игра, некогашен сон на секое дете!

Counter-Strike тогаш беше во бета фаза од 19 јуни 1999 година до 9 ноември 2000 година кога беше објавена верзијата...

Автомобили11 часа

Германците статистички увезувале убедливо најмногу електрични автомобили од Кина

Уделот на Кина во увозот на исклучиво електрични возила во Германија се зголеми на 40,9 отсто во првите четири месеци...

Кичево20 часа

Во недела ОВР Кичево апелира за времена забрана за движење поради „боево гаѓање“ во реон према стрелиштето во с.Осој – кичевско

Почитувани граѓани на Кичево и околината на ден 23.06.24 недела со цел безбедно изведување на боевото гаѓање со резервен состав...

Спорт21 час

ФФМ категорично го осудува однесувањето на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку

Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени...

Временска прогноза1 ден

Продолжениот викенд ни носи пеколни температури, ова се информациите

До недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на веќе споменатиот екстремно топол бран кој продира од северните предели...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (20 јуни)

ОВЕН Во текот на денот, ќе имате неколку можности да најдете одговори кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете...

Македонија1 ден

Авто-гасот или „плин“ за автомобили од денес се продава со намалена цена за литар

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар....

Магазин2 дена

Google инвестира дополнителни 2,3 милијарди долари за поддршка на три центри за податоци во Охајо

Google ќе инвестира дополнителни 2,3 милијарди долари за поддршка на три центри за податоци во центарот на Охајо, објави денеска...

Магазин2 дена

ChatGPT е интегриран во Apple Intelligence

Новиот Siri ќе користи ChatGPT Како што се очекуваше, Apple потврди на WWDC 2024 дека работи со OpenAI за да...

НАЈЧИТАНИ